Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не се знае колку македонски студенти студираат во странство
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Не се знае колку македонски студенти студираат во странство
МАКЕДОНИЈА

Не се знае колку македонски студенти студираат во странство

Објавено August 10, 2025 09:38
Сподели
Сподели

Државата нема увид, колку македонски студенти студираат на странските универзитети, иако секоја година илјадници млади наместо на некои од домашните универзитети, се запишуваат во странство, со што земјава ги губи оние кои треба да бидат нејзината иднина.

Најголем интерес има за студии во Словенија, каде за само две години се запишале повеќе од 3.100. Добар дел од нив воопшто не се враќаат назад, остануваат да живеат и работат во Словенија или во некоја друга европска држава.

Словенечките универзитети нудат бесплати студии за македонските, а од неодамна бесплатни се и постдипломските студии.

„Министерството за образование не располага со прецизни податоци за бројот на македонски студенти во странство, од причина што нема можност да го следи одливот на наши граѓани кои заминуваат во странство на сопствена иницијатива.

Располагаме со податоци за број на студенти кои добиле стипендија од МОН за студирање во странство, како на пример оние кои се запишани на некој од најдобрите 100 светски универзитети. Станува збор за 400 студенти на сите три циклуси на студии во периодот од 2010 година до сега“, велат од -Министерство за образование, пренесува Алсат М.

Македонските факултети последните години бележат драматичен пад на бројот на студенти. Професорите велат дека ова може да се промени со поголема вклученост на студентите во практична работа на компаниите, со поголеми стипендии, и повеќе можности за работа.

ПОВЕЌЕ на ЛИНКОТ

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Секс за паметење: Едно овошје делува подобро и од вијагра!
Следна Статија Ако цените на храната продолжат да растат потребни се долгорочни мерки, смета организацијата на потрошувачи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Само 62 Бугари се пријавиле за гласање на избирачките места во Македонија

Само 62 бугарски државјани се пријавиле за гласање, односно 1.8 проценти од вкупните 3504 граѓани кои се декларирале како Бугари…

October 27, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе создадеме стратешки документ кој што ќе биде патоказ за сите идни Влади

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на Националната развојна стратегија, која…

October 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Затекнавме катаклизма, сега со реформи го подигнуваме квалитетот на образованието

Министерката за образование и наука Весна Јаневска рече дека ниту еден наставник нема да биде отпуштен од работа во процесот…

June 24, 2026
МАКЕДОНИЈА

Објавена листа на најмоќни пасоши во светот: Шведска на врвот, Македонија на 78 место

Објавено е петтото издание на Глобалниот индекс на пасоши, кој ги рангира земјите според слобода на патување, квалитет на живот…

July 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?