Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не се размислува за зголемување на даноците, кажа Ѓорѓиевски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Не се размислува за зголемување на даноците, кажа Ѓорѓиевски
МАКЕДОНИЈА

Не се размислува за зголемување на даноците, кажа Ѓорѓиевски

Објавено February 5, 2026 20:01
Сподели
Сподели

Скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски денеска на прес-конференција изјави дека не размислува за зголемување на даноците. Тој рече дека Град Скопје сè уште не е во состојба во каква што заслужуваат скопјани да живеат.

– Сè уште ги немаме целосно доведени состојбите во ред. Зошто? Затоа што даваме сè од себе до последен атом, но ни треба време за да ги решиме сите процеси – одговори тој на новинарско прашање по обраќањето за сработеното откога е на функција, како и за проектите што доаѓаат во иднина.

Ѓорѓиевски рече дека и покрај тоа што имаме најниски даноци во регионот, смета дека тие не треба да се зголемуваат.

– Ние сè уште како Град немаме дадено услуги на граѓаните какви што заслужуваат за да можеме да размислуваме на оваа тема. Но, јас сметам дека даноците не треба да се покачуваат – додаде градоначалникот.

Прашан за објектот на Езерце, тој рече дека таму се прави детско катче.

– Тоа беше јавен тоалет без никаква документација. Многу од состојбите во градот Скопје беа оставени на злоупотреба низ годините на поединци од една страна, а од друга страна пак и место на девијантни појави, одговори градоначалникот.

Тој најави целосно чистење на езерцата, во план бил жив свет, нешто атрактивно за младите, но и да се обнови паркот.

За Калето кажа дека започната е постапката каде што како Град Скопје, ќе ја преземат надлежноста.

– Таму има патеки што треба да бидат реконструирани, портата треба да претрпи реконструкција бидејќи не е во добра состојба, но и целиот потег внатре. Откако ќе ја преземеме целосно надлежноста, ќе започнеме со сериозни активности и зафати таму, најави Ѓорѓиевски.

На новинарско прашање за автобусите, тој рече дека дел од новите автобуси ќе пристигнат до крајот на оваа година. Наместо ветените 80 автобуси, ќе биле набавени сто. Помината била одлуката на Влада и градоначалникот верува за брзо ќе започне испораката.

– Добро е што 30-на автобуси ставивме плус во функција, а стоеја во гаражи неисправни, појасни тој.

Преку БРТ проектот ќе биле обезбедени дополнителни 30 автобуси.

– Да бидам попрецизен, оваа година ние ќе испорачаме најголем дел од автобусите што треба да стигнат, а се бројка наместо 80 – сто плус 30 преку проектот БРТ, дециден беше Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: На маса со синдидатите е покачување на платите на административците за 40%
Следна Статија Голема полициска акција во поранешен ОХИС: Влегоа комбиња, камиони и полициски возила, локацијата под силно обезбедување

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Почна да се гради нова детска градинка во Гази Баба

Денеска присуствував на поставување на камен темелник за изградба на нова детска градинка во Општина Гази Баба, соопшти премиерот Мицкоски…

November 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Ќе има одговорност за секој што ќе се огреши пред законот без разлика од која политичка партија доаѓа

Секој оној којшто ќе се огреши пред законот и нема да работи совесно ќе има одговорност, без разлика од која…

August 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Клековски во Здравство, Шасивари во Правда, Перински во ФЗОМ, Стоиљковиќ во Локална самоуправа

Во најавената реконструкција на Владата на премиерот Христијан Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги земе ресорите Здравство и Социјална политика, труд и…

June 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Нема да има промени на нашите позиции за уставните измени ни по локалните избори

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски не очекува по локалните избори да има промена во државните позиции…

June 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?