Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Не сум го слушнал Палчо да разговара на телефон со таткото на Вања, рече Кешишев
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Не сум го слушнал Палчо да разговара на телефон со таткото на Вања, рече Кешишев
ХРОНИКА

Не сум го слушнал Палчо да разговара на телефон со таткото на Вања, рече Кешишев

Објавено April 4, 2025 12:35
Сподели
Сподели

Во Кривичниот суд во Скопје на ред е Палевски да го испрашува Кешишев за грабнувањата и убиствата на 74-годишниот Панче Жежовски од Велес и на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје. За свирепите злосторства извршени на 22 и на 27 ноември 2023 година им се суди и на Велибор Манев и Боре Видевски од Велес, а петообвинет е Александар Ѓорчевски за помагање во грабнувањето на неговата ќерка Вања.

Кешишев на денешното рочиште детално опиша како по убиството на Панче Жежовски стигнале во Скопје и го паркирале „цитроенот“ на паркингот кај Кванташкиот пазар. За тоа дали пред да биде грабната Вања биле на обиколка на нејзината зграда, Кешишев рече:

„Не сум бил, освен привиот пат кога се обидоа и вториот пат кога беше грабнувањето“, одговори Кешишев.

Бранителот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ го праша Кешишев дали во негово присуство имало разговори за повеќе лица пред да се грабне личноста од Скопје?

„Освен за личноста што требаше да биде во дупката, за други не се разговараше“, одговори Кешишев.

На прашањето колку средби имало пред да се донесе одлука за грабнување на личноста од зградата, Кешишев одговори:

„Неколку. Кога и да дојдеше Велибор се почнуваше оваа тема. Не сум слушнал дека некој во разговорите го споменува Александар. Не знам од кого требаше да се бараат парите за грабнувањето. Сликата од девојчето ја видов по грабнувањето, дотогаш ја немав видено. Не сум слушнал никогаш дека Палчо разговара на телефон со таткото на девојчето“, рече Кешишев.

„Дали сте слушале дека девојчето е по грешка грабнато?, праша Туфекџик. Кешишев одовори: „Не, бидејќи бев подалеку, ниту пак некој ги спомна мајката и таткото на детето“.

Во врска со злосторството врз Панче, Кешишев потврди дека планот бил да се грабне за да му се земе „цитроенот“. Откри дека Панче е грабнат од втор обид, односно дека и претходната вечер сакале да го грабнат, го чекале, ама не успеале. За таа вечер Манев сведочеше дека излегле да проверат како работат радиостаниците и да го разгледаат теренот. На снимките од пред куќата на Манев од таа вечер се гледа како Кешишев се прекрстува кога излегува од гаражата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трајчулески: Со ваков тип на етнонационализам и реторика ДУИ ќе почне да заликува на Златна зора во Грција и ќе го изгуби својот коалиционен капацитет (ВИДЕО)
Следна Статија Не е полициски службеник: Санкциониран возачот кој непрописно го паркирал возилото во Дебар Маало

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Ужас во Кавадарци: Татко ги натепал двете ќерки и извршил полов напад

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Д.Г.(40) од Кавадарци. Тој, како што соопшти полицијата, се сомничи за сторено кривично дело…

October 7, 2025
ХРОНИКА

Камери од „Сејф сити“ снимиле како Стојанче три пати ја удира Ивана

Видео од камерите од „Сејф сити“ покажува како обвинетиот Стојанче Јовановски и удрил 3 шлаканици на сопругата Ивана само три…

April 8, 2026
ХРОНИКА

„Цитроенот” ми беше сомнителен, возеше 10 км на час, многу димеше и стаклата му беа замаглени, сведочеше Траковски

Во Основниот Кривичен суд Скопје, денеска, продолжи судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со сведочење на…

February 7, 2025
ХРОНИКА

Исчезна 13-годишно девојче, мајката побара помош од полицијата

На 10.12.2025 во 00:30 часот во Полициската станица Бит Пазар, Ѓ.А.(46) од Скопје пријави дека од семејниот дом се оддалечила…

December 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?