Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ја удирал сопругата пред ќерката: Обвинителство поднесе обвинение за обезбедувачот на премиерот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Ја удирал сопругата пред ќерката: Обвинителство поднесе обвинение за обезбедувачот на премиерот
ХРОНИКА

Ја удирал сопругата пред ќерката: Обвинителство поднесе обвинение за обезбедувачот на премиерот

Објавено May 8, 2026 17:34
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе обвинение за телесна повреда против обезбедувачот на премиерот Христијан Мицкоски, кој беше пријавен за семејно насилство врз својата сопруга.

Според обвинителниот предлог, обвинетиот, кој е лице со полициски овластувања, по вербална расправија во семејниот дом, физички ја нападнал својата сопруга. Нападот се случил пред нивната малолетна ќерка, при што обвинетиот ја удирал жртвата по лицето и главата, а потоа се обидел и да ја дави фаќајќи ја за вратот.

Од ударите жената добила телесни повреди и имала психичка вознемиреност.

Според наводите од ОЈО ГОКК, за да се спаси од нападите, жената успеала да се засолни во тоалетот. Кога се обидела да го напушти домот заедно со детето, обвинетиот ѝ го одзел и оштетил мобилниот телефон. Потоа заедно со ќерката помош побарале кај сосетка, која ги примила во својот дом.

Заедно со обвинението, Обвинителството до Основниот кривичен суд Скопје доставило и предлог за продолжување на мерката притвор. Обвинител смета дека постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и недостапност на органите на прогонот, ризик од повторување на делото, со оглед на тоа што обвинетиот живее во заеднички дом со оштетената и нивната малолетна ќерка, пред чии очи било извршено насилството.

За случајот неделава информираа и од Министерството за внатрешни работи од каде рекоа дека настанот се случил на 2 мај, околу 23 часот, кога 37-годишна жена пријавила дека била физички нападната во семејниот дом, каде што ѝ биле упатувани и закани од лицето Р.Р. кој е дел од обезбедувањето на премиерот.

Мицкоски во вторникот ја потврди информацијата велејќи дека лицето е дел од претходницата која не ја гледа често, додавајќи дека сопругата на напаѓачот е ќерка на негов колега од факултет.

Против еден од телохранителите на премиерот Христијан Мицкоски, кој беше пријавен за семејно насилство, е поднесен обвинителен предлог.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција, по спроведена постапка, денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Телесна повреда, информираат од Обвинителството.

Оттаму споделуваат детали за настанот, во кој вработениот во МВР ја нападнал сопругата, и тоа пред очите на малолетната ќерка.

Според наводите во обвинителниот предлог, обвинетиот, по претходна вербална расправија во семејниот дом, физички ја нападнал оштетената, удирајќи ја по лицето и главата пред нивната малолетна ќерка, по што ја фатил за вратот и започнал да ја дави. Со дејствијата на обвинетиот, на оштетената ѝ биле нанесени телесни повреди и предизвикана психичка вознемиреност.

Оштетената успеала да се засолни во тоалет, а подоцна, додека со детето се обидувала да го напушти домот, обвинетиот ѝ го одзел и оштетил нејзиниот мобилен телефон. Заедно со ќерката побарале помош кај сосетка, која ги примила во својот дом, информираат од Обвинителството.

Оттаму додаваат дека бараат продолжување на мерката притвор.

Со обвинителниот предлог е доставен и предлог за продолжување на мерката притвор поради постоење околности што укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да стане недостапен на органите на прогонот, како и поради постоење реални околности дека може да го повтори делото. При тоа е земено предвид дека обвинетиот живее во заеднички семеен дом со оштетената и нивната малолетна ќерка, пред чии очи било извршено насилството, додаваат од Обвинителството.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија СДСМ: ЗНАМ тотално се распаѓа на сите нивоа
Следна Статија Иран заплени танкер, го попречувал извозот на нафта

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

МЕРКИ ЗА ПРЕТПАЗЛИВОСТ ЗА ТАТКОТО: Детето од Ново Село кое беше врзано е сместено во згрижувачко семејство

За снимката со врзаното дете во струмичко Ново Село, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица донесе Наредба за спроведување…

July 10, 2025
ХРОНИКА

Возач на Брзата помош од Берово фатен со дрога во болничкото возило

На 14.08.2025 околу 22 часот на ул. „Браќа Миладинови” во Виница од страна на полициски службеници од ПС Виница во…

August 15, 2025
ХРОНИКА

Почина Игор Југ, осуденик за 27 април кој бараше повторно судење и слобода

Почина Игор Југ, осуденик за „27 април“ кој издржуваше 12-годишна затворска казна. Тој беше на прекин од издржување на казната…

February 7, 2025
ХРОНИКА

Тошковски: Успешно изведена акција за извлекување на повреден планинар со скршеница на нога

Денеска, на исклучително тежок и непристапен терен во близина на Пелистер, успешно беше изведена спасувачка акција за извлекување на повреден…

July 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?