Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Нивото на македонскиот јавен долг значително под просекот во ЕУ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Нивото на македонскиот јавен долг значително под просекот во ЕУ
ЕКОНОМИЈА

Нивото на македонскиот јавен долг значително под просекот во ЕУ

Објавено May 8, 2025 17:32
Сподели
Сподели

Нивото на јавниот долг на земјава на крајот на првиот квартал од 2025 година изнесуваше 57,7 отсто од вредноста на националниот БДП, што е за речиси 24 процентни поени пониско во споредба со просечниот долг во ЕУ и за над 30 поени под должничките обврски на Еврозоната.

Македонскиот власти очекуваат во наредниот период јавниот долг да продолжи да се намалува, и како што најави премиерот Христијан Мицкоски, со продолжување на оваа тенденцијата на негово намалување, до крајот на мандатот на оваа Влада тој би изнесувал под 55, па дури можеби и под 50 проценти.

Очекувам оваа тенденција да продолжи, имаме ниво на јавен и државен долг во однос на БДП кој е најнизок во последните пет години. Јавниот долг е 57,7 отсто од БДП, а државниот 50,1. Но, за мене е важно и номиналниот БДП да биде 20 милијарди долари. Сега сме на ниво од 17 милијарди за 2025 година, порача Мицкоски.

И министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска посочи дека јавниот долг во изминатиов период е намален не само процентуално, туку и во апсолутни бројки.

Слушате многу често дека одредени работи се штедат, се внимава, па како министерката за финансии во дадени ситуации е малку построга. Ние немаме друг избор освен да работиме домаќински. Премногу се задолживме во изминатите години. Сега граѓаните можат да споредуваат дали работиме домаќински со намален долг од 36 милиони евра во апсолутен износ или некој пред нас работел домаќински, кога долгот го зголемил за 292 милиони евра за ист период, изјави Димитриеска-Кочоска.

Според податоците на Министерството за финансии, нивото на јавниот долг на крајот на првиот квартал од 2025 година изнесуваше 57,7 отсто од БДП и бележи намалување за 36 милиони евра во апсолутен износ или за 4,7 процентни поени во споредба со нивото од крајот на 2024 година, кога изнесуваше 62,4 проценти од БДП.

На крајот од минатата година, според податоците на Европската статистичка агенција – Евростат, просечниот бруто јавен долг на земјите членки на ЕУ изнесувал 81,6 отсто од вкупниот БДП, додека само во Еврозоната тој бил на ниво од 88,2 проценти од БДП.

Ова претставува намалување во однос на нивото на долгот во ЕУ на крајот од третиот лански квартал, кога тој изнесувал 88,4 отсто од БДП, но и зголемување на ниво на Еврозоната за 0,1 процентен поен.

Од вкупниот долг на ЕУ, 84 проценти отпаѓаат на долгувања по однос на хартии од вредност, 13,4 отсто за кредити и 2,6 отсто за депозити. Во Еврозоната, пак, на долгувањата по однос на хартии од вредност отпаѓа 83,6 отсто од вкупниот долг, на кредити 13,9 и на депозити 2,5 проценти.

По земји, најголем долг на крајот на 2024 година имала Грција од 153,6 отсто споредено со висината на БДП, пред Италија со 135,3 проценти и Франција од 113 отсто. Долг повисок од националниот БДП имаат и Белгија на ниво од 104,7 и Шпанија 101,8 отсто.

Најниско ниво на долгот на крајот на декември 2024 година имала Естонија со 23,6 проценти од националниот БДП, пред Бугарија од 24,1 отсто и Луксембург со 26,3 проценти.

Од останатите земји во регионот, во истиот период долгот на Словенија изнесувал 67 отсто од БДП, на Хрватска 57,6 и на Романија 54,8 проценти.

Најголем квартален раст на долгот во последното тримесечје од 2024 година бележи Бугарија од 2,4 процентни поени, пред Романија од 2,0, Финска и Франција од по 1,4, Летонија од 1,3 и Полска од 1,2 проценти поени.

Најголем квартален пад на вкупниот долг во истиот период бележи Португалија од 3,2 процентни поени, пред Словенија од 2,6, Грција од 1,8, Малта и Холандија од по 1,1 и Шпанија од 1,0 процентен поен.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во 18 часот сите навиваме за Македонија
Следна Статија Еве каков авион користи Вучиќ со кој безбедно слета во Москва

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Минималната синдикална кошница за август изнесува 65.507 денари или 1.065 евра

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец август 2025 година изнесува 65.507,00 денари, што претставува зголемување од 179,00 денари во…

August 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бишев: Потребно е да се намалат јавните расходи и да се зголеми фискалната дисциплина кај јавните институции

Јавниот долг надмина 60 отсто во 2024 година, но, според статистиката, не се земаат ненадмирените обврски, кои на крајот од…

March 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

На 15 септември почна најголемата финансиска криза во модерната економија

На 15 септември 2008 година, светот беше сведок на еден од најдраматичните моменти во историјата на модерната економија – банкротот…

September 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Тажни прогнози – германската економија е сè уште во криза, закрепнувањето не е на повидок

Германската индустрија продолжува да се стабилизира. Во октомври, нарачките во преработувачката индустрија исто така се зголемија во споредба со претходниот…

December 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?