Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Никола Станишиќ од Македонија е победник на „Ѕвездите на Гранд“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Никола Станишиќ од Македонија е победник на „Ѕвездите на Гранд“
ЗАБАВА

Никола Станишиќ од Македонија е победник на „Ѕвездите на Гранд“

Објавено July 6, 2025 11:10
Сподели
Сподели

Никола Станишиќ од Македонија е победник на балканското музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ за 2025 година. Тој ја доби најголема поддршка од публиката ( 138.714 гласови) на големото финале кое започна вчера, а се одвиваше до раните утрински часови.

Вкупно 20 кандидати влегоа во финалето на популарното натпреварување, а првите тројца финалисти беа: Зоран Ружиќ Ферари (трето место), Елвис Мешиновиќ (второ место) и нашиот Никола Станишиќ.

Станишиќ е роден во 2000 година, има завршено гимназија, живее во Скопје и веќе настапува со својот бенд и надвор од Македонија.

Победата со многу емоции и солзи во очите Никола Станишиќ ја прослави на сцена со песната „Бисер балкански“.

На финалната вечер, пак, тој ја пееше „Ако утре ме нема“ на дуото ДНК и ја посвети на жртвите од големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Инаку, покрај признание и статуетка, тој беше награден и со автомобил „Фиат“, како и комплетен маркетинг што ќе му помогне во понатамошната кариера.

И благодарам на мојата Македонија и на мојата менторка Цеца – кажа Никола на осумнаесеттата сезона на „Ѕвездите на Гранд“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија По конфликтот со Трамп: Маск формира нова политичка партија во САД
Следна Статија ЦУК: Три активни пожари во Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Почнува судењето на Жерар Депардје за сексуален напад

Судењето на француската филмска ѕвезда Жерар Депардје, по обвиненијата за сексуален напад, треба да почне денеска во Кривичниот суд во…

March 24, 2025
ЗАБАВА

Северина се пофали со фотографии во костим за капење и порача: Мозокот е посекси од стомачните мускули

Хрватската пејачка Северина се пофали на социјалните мрежи со фотографии од одмор на кои позира во костим за капење, а…

July 7, 2025
ЗАБАВА

Пронајдена човечка вилица стара 1,8 милиони години во Грузија

Археолози во Грузија открија човечка вилица стара 1,8 милиони години, за која се верува дека му припаѓала на рана форма…

August 27, 2025
ЗАБАВА

Македонската филхармонија и Дурловски со триумф во Златната сала на Музикферајн во Виена

Македонската филхармонија го одбележа својот голем јубилеј – 80 години од основањето, со свечен концерт во престижната Златна сала на…

October 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?