Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Ако се оди како што треба во 2031, 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Ако се оди како што треба во 2031, 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ако се оди како што треба во 2031, 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас

Објавено September 30, 2025 14:28
Сподели
Сподели

Ако се оди како што треба на двете страни, во 2031, 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас, најави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој во одговор на новинарско прашање на промотивен настан на Орце Ѓорѓиевски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Град Скопје на претстојните Локални избори, потврди дека на 4 ноември, кога ќе завршат сите ограничувања заради изборите, ќе се потпише договорот за заедничка изградба на прекуграничниот тунел на пругата кон Бугарија, како што е договорено во јуни годинава.

-Во јуни имавме средба со вицепремиерот и министер за транспорт Караџов во Истанбул, една корисна конструктивна средба каде што првпат после скоро година дена, седнавме да ги разгледаме реалните проблеми коишто се од инженерски, а не од политички карактер. Имајќи предвид дека средбата беше таква, стручна за теми коишто не се поврзани со политика, затоа што градење пруга не е политика најдовме многу брзо решение, посочи Николоски.

Како што прецизира, договорено е Македонија да ја изгради третата фаза од железницата кон Бугарија, првата, додаде, е изградена, а втората се гради во моментов.

-Бугарија си ги презеде своите обврски, а тоа е да инвестира милијарда и половина евра во изградба, реконструкција и надградба на пругата која што оди од Софија преку Перник до Ѓуешево и да го изгради делот од Ѓуешево до границата. За делот од Ѓуешево до границата веќе има тендери и она што останува тунелот којшто претходно, за жал, беше проектиран до пола, сега ќе се проектира целосно и за таа работа секако треба да се потпише меѓудржавен договор. По завршувањето на изборите, кога ќе завршат овие ограничувања истиот ќе го потпишеме, рече Николоски.

Ние, додаде, на седница на Влада исто така одобривме да се работат корекциите во делот на третата фаза и одиме по договорот, и се надевам дека ќе го реализираме, и дека за неколку години ќе имаме железничко поврзување помеѓу Скопје-Софија и пристаништето во Бургас.

-Ако се оди како што треба на двете страни, 2031, 2032 година треба да може да се патува со воз од Скопје до Бургас, потенцира Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски до сите македонски граѓани: Формирањето на многудетно семејство е највисок патриотски чин
Следна Статија Водно ќе блеска и по мрак: Лабудовиќ и Котевски го промовираа проектот „Сјајна Патека“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ханџиски: Автоматизацијата ја подигнува хигиената на ниво што човечка рака сама не може да го постигне

Воведувањето на роботите не беше импулсивна одлука, ниту маркетиншки потег, туку дел од нашата долгорочна стратегија за модернизација на управувањето…

December 29, 2025

Ветувањата на Илон Маск кои не се оствараа во 2025 година

Маск стана познат по своите неостварени ветувања, и овој пат тоа е уште појасно

January 1, 2026
ЕКОНОМИЈА

СпејсИкс поставува зделка за внатрешни акции во вредност од 800 милијарди долари

СпејсИкс напредува со продажба на внатрешни акции што ја вреднуваат ракетната и сателитска компанија на Илон Маск на околу 800…

December 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Владата преговара за стратешките хидроелектрани Чебрен и Галиште

Премиерот Христијан Мицкоски на одговор за финансискиот плат за чист воздух, посочи дека се обезбедени финансии за проектите на владата,…

May 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?