Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Почна изградбата на ветерниот парк кај Штип, 500 милиони долари инвестиција, струја за над 100 илјади домаќинства
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Почна изградбата на ветерниот парк кај Штип, 500 милиони долари инвестиција, струја за над 100 илјади домаќинства
ЕКОНОМИЈА

Почна изградбата на ветерниот парк кај Штип, 500 милиони долари инвестиција, струја за над 100 илјади домаќинства

Објавено July 16, 2025 12:50
Сподели
Сподели

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција од 500 милони долари на површина од 326 хектари ќе изгради 55 ветерници кои ќе произведуваат струја за 100 илјади домаќинства. Новиот ветерен парк најавен како најголем во Западен Балкан, е значаен чекор кон зајакнување на енергетската безбедност и целите за обновлива енергија на земјата.

Коосновачот и управувачки партнер на „Алказар енерџи“ Даниел Калдерон најави намалување на цената на струјата со овој проект за чиј старт ја истакна подготвеноста на државата, како што рече, со покажано лидерство и дисциплина.

Раководството на државата нас не туркаше да ги завршиме работите побргу. Ги поставуваме темелите на овој значаен проект над 500 милиони долари, кој ќе создаде 600 работни места, ќе создаде чиста енергија, ќе ги намали емисиите на јаглероден диоксид – рече Колдерон.

Тој сподели дека според анализа на Блумберг во Западен Балкан ќе има нови инвестиции во обновливи извори на енергија во износ од 11 милијари долари, во кои, рече дека државава би имала удел од 30 до 40 проценти поради позицијата, човечкиот капитал и дисциплината.

Премиерот Христијан Мицкоски истакна дека по повеќе од една година тоа што го ветиле со инвеститорот денеска добива завршница на првата фаза.

Дисциплината е секогаш најважна, ако нема дисциплина и јасна поставена структура на еден проект тогаш нема ништо. Имаме уште многу идеи како оваа ивестиција може да додаде уште поголема вредност и за компанијата и за нас како држава – рече Мицкоски.

Владата, како што наведе, сериозно е посветена на економијата бидејќи силно веруваме дека имаме огромен потенцијал кој може да не одведе со гигантски чекори напред. – Тоа го правиме и такви се првичните индикатори од почетокот на оваа година, посочи премиерот.

Според вицепремиерот и министерот за транспорт и врски Александар Николовски, со реализацијата на оваа, како што истакна, најголема инвестиција во обновливи извори на енергија, покажуваме дека како нација можеме да водиме големи проекти.

Во однос на економијата имаме директен и индиректе импакт, директниот е она што ќе се произведе и продаде и влегува во БДП, но индиректниот е многу поголем, пред се, за стопанството и индустрјата. Правилата на ЕУ во однос на зелената транзција се дека во металната, челичната индустрија, кои придонесуваат најмногу за нашиот БДП дека веќе од 2026 година мора да се користи зелена енергија. Во спротивно ќе се плаќа казна, за да го спречиме тоа, за да дадеме шанса на нашата економија да е конкурентна надвор вакви проекти ќе придонесат за да бидеме лидери и во индустриското производство – рече Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Народна банка: Се намалуваат надоместоците за извршување на плаќањата во земјата и во СЕПА
Следна Статија Младите хемичари освоија сребро и бронза на светската олимпијада во Дубаи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промените во Венецуела не влијаат врз прогнозите за цените на нафтата

Analitičarите на Morningstar остануваат постојани во своите проекции за нафтениот пазар, независно од политичките промени во Венецуела

January 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Новите авиолинии се чекор кон промоција на државата и привлекување туристи

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за најавените шест нови авионски линии, изјави дека треба да сме среќни што…

October 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Овие земји би можеле да бидат првите кои ќе го укинат кешот

Безконтактните плаќања не покажуваат знаци на забавување по пандемијата, при што земјите како Норвешка и Финска се приближуваат до безготовинските…

October 14, 2024
ЕКОНОМИЈА

Паушалите во сметките за струја ќе станат минато: На сметките ќе пишува дали броилото е прочитано

До 2031 година 80 отсто од граѓаните треба да имаат смарт броила, а првите веќе се очекува да бидат инсталирани…

June 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?