Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ССМ: Минималните трошоци за четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар, барањето за зголемување на платите е оправдано
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ССМ: Минималните трошоци за четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар, барањето за зголемување на платите е оправдано
ЕКОНОМИЈА

ССМ: Минималните трошоци за четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар, барањето за зголемување на платите е оправдано

Објавено January 21, 2025 12:40
Сподели
Сподели

Сојузот на синдикати на Македонија денеска на прес-конференција ги објави најновите податоци за Синдикалната минимална кошничка и за тоа дали новогодишната кошничка ги дала посакуваните ефекти. Според нив минималните трошоци на едно четиричлено семејство во јануари се зголемени за 391 денар во однос на декември. Во делот на храната и пијалоците се бележи зголемување од 123 денари.

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов рече дека за 12 месеци, односно од почетокот на минатата година досега минималните трошоци во делот на храната и пијалоците се зголемени за 10,43 проценти што значи дека инфлацијата не е 3,5 проценти како што покажуваат статистичките податоци, туку над 10 проценти.

Вредноста на синдикалната минимална кошничка за само една година пораснала за 6.089 денари што значи зголемвање од 10,63 проценти.

„Граѓаните во Македонија не дека живееме многу добро и имаме многу добри плати, па пазариме и со тоа ја погреваме инфлацијата и платите се виновни за зголемувањето на инфлацијата, туку трговците се алчни и се богатат на грбот на работниците со тоа што го користат секој момент за дополнително да се збогатат. Дури се сомневаме и дека она што го ветуваат сега дека во наредните месеци ќе го задржат нивото на цените на основните прехранбени производи е мамка да не ги намалат цените на производите кои на светските берзи бележат намалување“ истакна Трендафилов.

Како што посочи, информациите говорат дека цената на житото на светските берзи е намалена за околу 13 проценти, а кај нас цената на лебот е намалена само за еден денар и нема намалување на цените на брашното и други производи.

„Сметаме дека е добро Владата како што почна на почетокот во септември да им ги извади фактурите за набавната вредност на производите кои се увезуваат и да покажат по која цена се увезени производите, а потоа по која цена ги продаваат“, рече Трендафилов.

Според ССМ, платите треба да се зголемат за најмалку 20 проценти. Велат дека нивното барање за растот на платите и на минималната плата е повеќе од оправдано.

Од ССМ сметаат дека се потребни и други мерки од страна на Владата, а во следниот период најавуваат поригорозни мерки за да се подигне свеста кај граѓаните за потребата од почитувањето на мерките.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 11-годишник тешко повреден откако паднал од прозор од трет кат во училиште во Прилеп
Следна Статија Просечната нето плата во ноември е 41.999 денари

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ДПИ најавува строги казни

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за ограничување на маржите. Се обидуваат…

October 5, 2024
ЕКОНОМИЈА

Кафето во Европа поевтини по долгиот раст на цените

По долг период на силен раст, цените на кафето во Германија регистрираа мал пад. Големите малопродажни синџири, вклучувајќи ги Лидл,…

October 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Димитриеска-Кочоска: Многу наследени проекти се прекинуваат поради објективни проблеми, се прават законски измени за проценка на проектите над 2 милиона евра

Сите јавни инвестиции над 120 милиони денари или 2 милиони евра ќе поминуваат филтер во Министерството за финансии и ќе…

December 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Епл најавува промени во iOS во Јапонија

Епл денес најави промени кои влијаат на iOS апликации во Јапонија за да се усогласи со Законот за мобилна софтверска…

December 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?