Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Во Договорот нема одредба за мигрантски кампови, најдобар одговор даде британскиот амбасадор

Објавено May 17, 2025 21:01
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва соопшти дека следната недела во Лондон ќе се потпише Договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство, по принцип Влада со Влада. Запрашан дали се вистинити пишувањата за кампови во земјава за мигрантите кои се одбиени за азил во Британија, Николоски посочи дека нашите услови за Договорот се одамна дефинирани и преговорите се завршени.

Според него, во договорот нема таква одредба за такви мигрантски кампови.

– Најдобриот одговор го даде амбасадорот на Велика Британија дека нема таква работа. Секако дека со земјата ќе соработуваме во борбата против криминалот и корупцијата и борбата против миграцијата. Нема ништо друго освен ист договор како со Фронтекс. Кредибилитетот на британскиот амбасадор не смее никој да го спори, рече вицепремиерот во вестите на Тв Сител.

– Најдобар демант за оваа тема се месеците и годините што доаѓаат пред нас, додаде Николоски.

Британскиот амбасадор Метју Лосон на заедничка прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски во Владата, ги демантираше тврдењата дека договорот подразбира прифаќање мигранти од Британија.

– Драго ми е што земјата се согласи на оваа соработка, но таа се однесува на полициската координација меѓу агенциите. Тоа го правиме и со повеќе европски земји. Не станува збор за тоа дека Македонија ќе прифаќа мигранти од Британија, истакна Лосон.

Тој додаде дека договорот предвидува интензивна соработка во справувањето со организирани мигрантски групи, размена на доверливи информации и зајакната координација на безбедносните служби.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Скопјанка на социјалните мрежи со снимка бара жена која и го украла паричникот (ВИДЕО)
Следна Статија Прво засилување за „кралскиот клуб“: Дин Хујсен е новиот стопер на Реал Мадрид

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Бубевски: Најостро ги демантирам клеветите на адвокатката Кадриу

Најостро ги демантирам клеветите и измислените наводи изнесени од адвокатката Лејла Кадриу во интервју во емисијата “Вечерното шоу на Богдан…

February 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Не е само прашањето на уставни измени, прашањето е кои се гаранциите што ќе ги добие државата, истакна Муцунски

Главната порака што ја добивме од Брисел е дека геополитичкиот контекс и налага на ЕУ да го интерпретира процесот на…

November 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Oслободена заробена мечка во криволовна стапица

Надлежните служби од Ресен ослободиле заробена мечка која била уловена во поставена криволовна замка. Регионалниот Центар за управување со кризи…

April 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Немало разговори албанскиот да стане службен јазик во Македонија

Немало такви разговори, вели премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи ја изјавата на министерот за здравство Арбен Таравари, кој во гостување на…

January 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?