Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Во 2031 година проектот брза пруга ќе биде завршен
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Во 2031 година проектот брза пруга ќе биде завршен
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Во 2031 година проектот брза пруга ќе биде завршен

Објавено January 3, 2026 12:33
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, најави дека проектот за брза пруга на Коридорот 10 влегува во клучна фаза на планирање, а теренските активности со тешка механизација се очекуваат веќе ова лето. Според плановите, целосната двоколосечна пруга од северната до јужната граница треба да биде завршена до 2031 година, но едниот колосек би бил функционален три години порано.

Николоски потенцираше дека акцентот во моментов е ставен на квалитетно планирање за да се избегнат доцнењата карактеристични за претходни проекти. Тој информираше и за напредокот на Коридорот 8, каде тимови од Македонија и Бугарија интензивно работат на документацијата за заедничкиот граничен тунел, проект кој вкупно ќе чини над 2 милијарди евра.

„Сега го работиме најзначајниот дел што не е видлив за граѓаните, а тоа е добро планирање. Кога ќе направите добро планирање тогаш проектот колку и да е комплициран оди брзо и во рок. Очекувам до лето да завршиме и потоа првите багери да ги видиме на терен. Во 2031 година проектот брза пруга од граница север-југ да биде завршен. Имајќи предвид дека пругата ќе биде двоколосечна, една пруга во 2028 година ќе биде функционална“, истакна Николоски.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Венецуела бара итен доказ дека Мадуро е жив
Следна Статија Мицкоски: Од новиот државен јавен обвинител очекувам немилосрдно да застане на страната на правдата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Почнува собраниската расправа за ребалансот на Буџетот

Расправата во Собранието по Предлогот за изменување и дополнување на Буџетот за 2025 година, во второ читање, почнува денеска на…

July 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви на крајот на септември 4,4 милијарди евра

Девизните резерви на крајот на септември годинава изнесувале 4.406,6 милиони евра, соопшти Народна банка. Најголем дел од девизните резерви се…

October 9, 2024
ЕКОНОМИЈА

Николоски: За многу скоро пуштање на делницата Дреново – Фариш

Николоски додаде дека минантата година, вкупно милион и сто илјади евра преку министерството за транспорт беа префрлени на наменска сметка…

February 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Коњановски: Се купувал исклучително лош јаглен за РЕК, начекавме хаос во рудниците

Констатирана е состојба на хаос во рудниците за јаглен во Битола, затоа што воопшто не се водело сметка отстранувањето на…

October 3, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?