Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Голем е интересот за финансирање за изградба на брзата пруга

Објавено June 30, 2025 23:18
Сподели
Сподели

Постои сериозен интерес од неколку огромни светски финансиски институции, за финансирање на изградба на брзата пруга на коридорот 10, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.

-Очекувам дека ќе има конкуренција во понудата, односно дека ќе има повеќе од една финансиска институција со свои понуди, што сигурно потоа ќе ги натера да се натпреваруваат помеѓу себе и ние да добиеме поевтини средства. Очекувам до средината на месец јули јавноста да знае, потенцираше вицепремиерот Николоски.

Тој зборуваше и за плановите на соседните држави – Грција и Србија, чии активности се насочени кон поврзување со Македонија со двоколосечни пруги, а најави и средби во текот на летото со претставници од грчката Влада и институции.

-Можам да најавам дека очекувам во текот на месец јули да имам средби со претставници на грчката влада, ресорните министри и други институции, на кои детално ќе зборуваме за проектот. Она што охрабрува е дека Грција предвиде некаде околу 640 милиони евра за целосна рехабилитација на пругата од Атина до Солун, која оди некаде до 20км северно од Солун, со што остануваат уште 50км до Гевгелија, за кој иницијалната информација е дека веднаш штом ние почнеме да градиме на наша страна, ќе почнат и тие да градат на својата страна. Во делот на Србија, веќе имаат брза двоколосечна пруга од Белград, преку Суботица до Будимпешта, сега градат Белград-Ниш, и бараат финансирање од Ниш до Скопје, со што очекувам и Србија да гради со нас, потенцираше вицепремиерот Николоски.

Тој подвлече дека сега Македонија е во ситуација да биде најконкурентна за транзит на мапата, а со изградбата на брзата пруга од Коридорот 10 државата ќе заработува по 120 милиони евра годишно.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Лидерите на Западниот Балкан на средба во Скопје, планот за раст главна тема
Следна Статија (ФОТО) Погледнете го модниот стил на Еди Рама во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Трамп вели дека знае кој ќе биде нов претседател на Федералниот резервен систем

По прашања од новинарите дали станува збор за Кевин Хасет, Трамп со насмевка одговорил: "Нема да ви кажам."

December 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

ССМ излегува на протест на втори април

Претседателот на Сојузот за синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов денеска на прес-конференција најави дека на 2 април ќе одржат…

March 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Парадокс: Најсиромашни семејства, трошат најскапа струја

Во Македонија има околу 50.000 броила за струја кои влегуваат во категоријата за енергетска сиромаштија, но тоа не ги спречува…

April 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Тажни прогнози – германската економија е сè уште во криза, закрепнувањето не е на повидок

Германската индустрија продолжува да се стабилизира. Во октомври, нарачките во преработувачката индустрија исто така се зголемија во споредба со претходниот…

December 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?