Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Вицегувернерката Нацевска: Со минимален сет податоци до полесни плаќања во евра преку СЕПА
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Вицегувернерката Нацевска: Со минимален сет податоци до полесни плаќања во евра преку СЕПА
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: Со минимален сет податоци до полесни плаќања во евра преку СЕПА

Објавено March 27, 2025 16:28
Сподели
Сподели

„Со влезот на земјата во СЕПА, преносот на парични средства во евра дополнително ќе се поедностави и ќе се забрза, овозможувајќи им на граѓаните преку користење на своите мобилни апликации да ги извршуваат плаќањата во евра на лесен начин со внесување минимален сет податоци во платниот налог. Трошоците за пренос на паричните средства во евра ќе се намалат имајќи предвид дека во СЕПА првенствено се применува принципот на поделба на трошоците, односно плаќачот ги намирува трошоците кон сопствената банка, а примачот ги презема трошоците на својата банка. Во моментов, многу често во преносот на паричните средства се вклучени повеќе странски кореспондентни банки коишто наплатуваат дополнителни трошоци, поради што тие паѓаат на товар на плаќачот и ги зголемуваат вкупните трошоци на плаќањето. Во иднина, овие дополнителни трошоци за плаќањата во евра во СЕПА ќе бидат елиминирани“. Ова го посочи вицегувернерката Емилија Нацевска во интервју за „Банкарство“.

Народната банка веќе презема активности за олеснување на извршувањето и на приливните плаќања. Вицегувернерката Нацевска истакна дека се работи на приспособување на подзаконската регулатива со што ќе се овозможи приливите од странство да се ставаат на располагање на платежната сметка на примачот веднаш, а најдоцна следниот работен ден.

„Банките ќе ги приспособат своите информациски системи со цел да им овозможат на граѓаните и на компаниите олеснето електронско иницирање на прекуграничните плаќања во евра со користење на електронското и мобилното банкарство. Секако, банките ќе ги овозможат овие услуги и на шалтерите за клиентите кои го претпочитаат овој начин на извршување на плаќањата, иако сѐ повеќе се тежнее кон електронско извршување на плаќањата“, кажа Нацевска која истакна дека банките треба да ја прикажат својата правна, оперативна и техничка подготвеност во барањето за пристап до платните системи во СЕПА. Ова барање треба секоја банка да го поднесе засебно до Европскиот совет за плаќања, најдоцна до 22 август 2025 година.

Вицегувернерката Нацевска нагласи дека доколку банката ги исполнува предвидените правни, технички и оперативни услови по оцена на Европскиот совет за плаќања ќе ѝ биде овозможено да извршува плаќања во евра во СЕПА почнувајќи од 5 октомври 2025 година, од кога граѓаните и компаниите ќе можат да ги почувствуваат погодностите од членството во СЕПА, односно побрзи, поедноставни и поевтини прекугранични плаќања во евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Развојот на нови авиолинии е стратешка инвестиција во иднината на нашата економија, туризам и меѓународна соработка
Следна Статија Дачиќ: Интерпол се уште нема издадено потерници за Додик и Стевандиќ, тие се српски државјани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Тони Јанковски во „Бизнис-клуб“: Инфраструктурата е крвотокот на државата, а практичната обука темел за создавање стручен кадар

Во најновото издание на поткастот „Бизнис-клуб“ со Бранко Азески гостин е м-р Тони Јанковски, директор за развој на производи и…

November 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши:Турските инвестиции сочинуваат 38% од вкупните странски инвестиции во земјата

„Македонија има одлични услови за привлекување на странски инвестиции и во Слободните економски зони каде што големи поволности се предвидени…

December 26, 2024
ЕКОНОМИЈА

Каматните стапки на благајничките записи и на расположливите депозити се намалуваат за по 0,25 п.п.

На 17 декември 2024 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка,…

December 18, 2024
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска на состанок на вицегувернерите од Западен Балкан за пристапниот процес кон СЕПА

Вицегувернерката Емилија Нацевска зеде учество на состанокот на вицегувернерите од Западен Балкан, посветен на пристапниот процес кон Единствената област за…

November 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?