Вечерва во Нов Дојран ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ја побараа поддршката од граѓаните, за вториот круг од изборите, на мини-митинг. На митингот покрај другите, се обрати и потпретседателот на партијата Александар Николоски.
Николоски најпрвин се заблагодари за досегашната поддршка и добриот резултат во првиот круг на изборите. Но повика и уште посигурно и посилно до успешна победа во вториот круг.
Како влада, Николоски најави голем број инвестиции и проекти кои се спремни да ги поддржат и да ги реализираат веднаш по победата на Илија Тентов. Некои од позначајните проекти се подобрување на туризмот, заштита и давање нов живот на дојранското езеро, како и голем број инвестиции во земјоделието.