Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Заедно со идниот градоначалник Проданоски ќе ги продолжиме инфраструктурните проекти, ќе се гради автопатот од Прилеп до Фариш
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Заедно со идниот градоначалник Проданоски ќе ги продолжиме инфраструктурните проекти, ќе се гради автопатот од Прилеп до Фариш
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Заедно со идниот градоначалник Проданоски ќе ги продолжиме инфраструктурните проекти, ќе се гради автопатот од Прилеп до Фариш

Објавено September 29, 2025 14:03
Сподели
Сподели

Власта активно работи да се завршат големите инфраструктурни проекти, експресниот пат Градско, преку Дреново и Фариш, како и автопатот од Прилеп до Битола, работиме Прилеп целосно да биде автопатски поврзан, изјави вицепремиерот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денеска од Прилеп на почетокот на кампањата за локалните избори.

– Активно работиме и на изградба на големиот автопат од Прилеп до Битола, а правиме планови и за многу брзо време ќе почнеме да работиме и од Фариш до онаму каде што почнува автопатот, а тоа е влезот за Прилеп да биде целосно автопатско или со експресен пат поврзан и со главниот глад, и со Коридорот 10, но и со Битола. На тој начин градот би имал пристап на два големи патни правци, директно поврзување и со соседна Србија, но и со соседна Грција, можност за голем инфраструктурен развој, и поддршка на бизнисот – изјави Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посака фер кампања за граѓаните да можат да ги слушнат и пораките на ВМРО-ДПМНЕ и на опонентите за да споредат и да направат најдобар избор. Николоски ја најави поддршката што ќе ја има од централната власт за кандидатот за градоначалник на Прилеп, Дејан Проданоски.

– Заедно со новиот градоначалник Дејан Проданоски ќе работиме. Тој беше доста активен во Собранието и се бореше за општината и за целиот овој регион и сум убеден дека како градоначалник ќе го реализира сето она што ќе го претстави пред граѓаните во следниов период. Ќе нѐ има нас како голема поддршка и мене лично како носител во четвртата изборната единица и како ресорен министер, но исто така и премиерот Мицкоски, којшто посветува голем фокус на Прилеп и на целиот овој регион – рече Николоски.

Кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Проданоски вети програма со која прилепчани ќе добијат подобар живот.

– Ова ќе бидат избори кои ќе значат секојдневие на секој прилепчанец, ова ќе бидат избори кои ќе донесат подобри улици, училишта, здравствени установи, подобар живот за сите граѓани. Ова се избори кои ќе ги започнеме со чувство на сигурност дека имаме одличен тим, уште подобра програма и сигурност дека ќе ја добиеме најсилната поддршка од Владата, предводена од претседателот Христијан Мицкоски – изјави Проданоски.

Во Прилеп денеска беа претставени кандидатите за советници и носителот на листата, д-р Билјана Кржеска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Додик: Парламентот наскоро ќе назначи вршител на должноста претседател на РС
Следна Статија Митевски: Аеродром е наш дом, тука ја градиме нашата иднина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски по сквернавењето на македонското знаме: Предупредувавме за обиди за ескалација и креирање на етнички тензии, како Влада гарантираме безбедност

Најостро го осудувам. Тоа сепак претставува чин на агресија, нешто за кое ние предупредувавме дека ќе се случува, дека ваков…

November 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Јаневска: Дојавите за поставени бомби во училиштата се лажни, а заканите се добиени на приватни мејлови кои не треба веќе да се користат

Дојавите за поставени бомби кои ги добија утринава основни и средни училишта во државата се лажни, а министерката за образование…

February 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Со новиот граничен премин Маркова нога – Лемос на 40 минути ќе се намали времето на патување од Ресен до грчка Преспа

Од околу два часа колку што е сега потребно да се стигне од Ресен до грчката општина Преспа, со новиот…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски: Во денови што следат ќе има добри вести кога станува збор за односите со САД

Премиерот Христијан Мицкоски денеска при посета на реконструираната спортска сала во Кратово даде изјава за медиумите. На новинарско прашање во…

January 16, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?