Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: За две недели ратификација на Договорот за стратешко партнерство, од есен почеток на градежните работи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: За две недели ратификација на Договорот за стратешко партнерство, од есен почеток на градежните работи
ЕКОНОМИЈА

Николоски: За две недели ратификација на Договорот за стратешко партнерство, од есен почеток на градежните работи

Објавено May 23, 2025 21:35
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој во Лондон го потпиша Договорот за стратешко партнерство, очекува за две недели да биде ратификуван во Собранието, а од есен да се почне со градежни работи на терен.

Во интервју за МРТВ, Николоски оценува дека договорот, покрај финансиска, има и политичка тежина бидејќи стратешки ќе и обезбеди на државата силна подсршка во меѓународните процеси.

  • Се бориме да биде признат македонскиот јазик, кога се бориме да биде признато македонското национално малцинство во соседните држави, кога се бориме за правата на Македонците, кога се бориме гласно Македонија да ја слушнат, тогаш ни требаат големи партнери кои би ни помагале во овој процес и мислам дека Велика Британија е еден таков партнер, рече Николоски.

Бенефитите од овој договор, според Николоски, граѓаните ќе ги почуствуваат во следните години.

  • Треба да имаме превид дека Велика Британија на располагање ги става најголемите умови, своите највредни луѓе да и помагаат да се развива Македонија. Тие на Македонија и ставаат експертска помош во сите области кај што ние имаме потреба. Ставаат на располагање експерти и од јавната администрација но исто така и од бизнис заедницата кои што треба да и помогнат на Македонија да се развива и македонското општество да оди на едно повисоко ниво. Зборуваме за втората најмоќна земја во светот после САД, зборуваме за единствената кралска империја која преживеа во светот, зборуваме за нуклеарна сила, зборуваме за земја членка на Советот за безбедност, земја победник во Втората светска војна и една од топ петте економии во светот така што мислам дека подобар партнер, Македонија не може да добие, рече Николоски.

Договорот беше потпишан во четвртокот во Лондон и тежи шест милијарди евра. Првата транша треба да биде во висина меѓу 2 и 2, 2 милијарди евра.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Казна од 60 евра за оние кои прерано ќе ги откопчаат безбедносните појаси: Турција воведува ново правило
Следна Статија Тешка сообраќајка попладнево: Загинаа две лица на скопска раскрсница

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Дурмиши сака минималната плата да биде 600 евра, но ќе преговара за 450 на почетокот на декември

Желбата на министерот за економија Дурмиши е минималецот да биде 600 евра, но ќе се преговара за 450 евра. Она…

November 27, 2024
ЕКОНОМИЈА

Во првите 6 месеци извозот расте повеќе од увозот- очекувам и натаму да се намалува трговскиот дефицит, вели Мицкоски

„Во првите шест месеци после долго време извозот повеќе расте во однос на увозот.“, посочи премиерот Христијан Мицкоски при посетата…

August 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Наредната недела ќе формираме Координативно тело и официјално почнуваме реализација на Договорот со Велика Британија

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вечерва најави дека на почетокот од следната седмица ќе биде формирано Координативно тело…

June 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Намален прометот во индустријата во јануари

Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 9,4 проценти во јануари годинава на годишно ниво, а на месечно за 13,9…

March 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?