Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа

Објавено September 26, 2025 09:29
Сподели
Сподели

Изградбата на брзата пруга во Македонија ќе биде најзначаен инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа, ќе донесе огромен економски бенефит и регионот и значително ќе го намали времето на патување од Скопје до Солун и до Атина, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски.

„Ние после долг временски период разговараме со Грција за поврзување, за економија, за бизнис, за она што го прави животот. Брзата пруга колку што е бенефит за Македонија, многу повеќе е од бенефит за Грција, особено што целосно ќе ги отвори пред се солунското и атинското пристаниште кон Централна Европа. Изградба на брза пруга на која што карго возовите ќе возат со 120км/ч, во само првата година откако ќе се изгради од сегашни 12 милиони евра колку што имаат приход двете железнички македонски претпријатија, ќе оди на 120 милиони. Истото ќе важи и за грчките пристаништа, што целосно ќе ја промени економијата во целиот овој регион”, рече Николоски.

Вицепремиерот информираше дека грчките власите се согласни, следната година почнат да градат двоколосечна пруга по примерот на Македонија од Солун до Гевгелија, а директорите на железничките претпријатија на двете земји веќе ги усогласуваат техничките детали.

„Тоа ќе значи дека од Скопје до Солун ќе се патува за 1 час и 20 минути, а до Атина за не повеќе од 4 часа и мислам дека тоа целосно ќе го смени начинот на живот на овој дел од Европа. Така што брзата пруга ќе стане најзначаен економски-инфраструктурен проект за цела Југоисточна Европа”, истакна заменик претседателот на Владата, Александар Николоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ од Њујорк: Америка ќе воведе санкции врз НИС на 1 октомври
Следна Статија Бобан, комуналецот во Карпош за кој бараат награда: Никогаш не го видов да седи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Потврда стигна и од М-НАВ: Ставен во функција радарот на скопскиот аеродром

М-НАВ АД Скопје соопшти дека е ставен во функција радарот на скопскиот аеродром. Во текот на изминатите три дена, како…

September 25, 2025

Јапонски државни обврзници и акции паѓаат по зајакнувањето на јенот

Финансиски пазари покажуваат осцилации по движењата на јапонската валута

January 27, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Во 2031 година проектот брза пруга ќе биде завршен

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, најави дека проектот за брза пруга на Коридорот 10 влегува во клучна фаза…

January 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Славески на средби со ММФ: Мерките на Народната банка придонесува за постепено намалување на инфлацијата

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка,…

October 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?