Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Интензивно се работи на Коридорот 8
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Интензивно се работи на Коридорот 8
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Интензивно се работи на Коридорот 8

Објавено January 22, 2026 11:33
Сподели
Сподели

Почнато е со изградбата на автопатските делници Тетово-Гостивар и Гостивар-Букојчани, а претходно ја решаваме експропријацијата на земјиштето и отстранување на објекти по овие траси, истакна денеска министерот за транспорт и врски, Александар Николоски кој од собраниска говорница одговараше на прашањето: каде се трошат средствата на граѓаните од патарините на автопатиштата во земјата, поставено од пратеникот Халил Снопче. Министерот Николски вели на овие две делници на стартот на градежните работи присуствувал и Арбен Таравари, односно лидерот на политичката партија, од којашто доаѓа пратеникот Снопче.

Ако продолжиме по истата траса по Коридрот 8 на западното крило, веќе е завршена целосната постапка за избор на изведувач на делницата Гостивар-Букојчани чекаме само согласност од Европската банка за обнова и развој затоа што од таму е кредитот, со цел да се избере изведувач. Се надевам дека по завршување на зимата и подобрување на временските услови ќе почне да се работи и на трет автопат, тоа е од Букојчани до Кичево. Автопатот Кичево-Охрид, којшто беше заборавен за македонската јавност и за којшто ништо не се работеше, веќе интензивно се работи. Триесет и седум километри се ставени во функција, секој месец има дополнителни активности, еве сега се заврши клучката за спојување и на Струга, посочи Николоски.

Министерот за транспорт и врски очекува, а како што вели како Влада имаат дадено збор, во дадениот рок да се заврши автопатот од Кичево до Охрид. Што се однесува за автопатот Скопје-Блаце постапката е завршена и сега се очекува одговор од Европската банка за обнова и развој, којашто дава кредит за изградба на оваа делница.

Го работиме и автопатот којшто оди од Прилеп до Битола и тој го започнавме со оваа Влада без разлика што договорот беше потпишан од претходната и никакви активности не беа спроведени. Го завршиме експресниот пат од Градско до Дреново и од Дреново до Фариш и веќе е во функција и граѓаните го користат. Се работи за исклучителен модерен пат, сите овие патишта може да ги видете и кај мене на фан страната на фејсбук, рече Николоски.

Тој истакна дека е пуштено и источното крило на Коридорот 8, а тоа е експресниот пат од Страцин до Крива Паланка и како што рече се надева дека нашите соседи, односно Бугарија ќе почне да гради автопат кон Македонија.

Во моментов со Европската Унија работиме на вториот дел, којшто треба да оди од Куманово, односно од Романовце до Страцин, како би имале по Коридорот 8 целосно автопатско решение, од граница со Бугарија до граница со Албанија. Исто така во моментов работиме многу интензивно на еден проект, којшто претходната Влада на СДСМ и ДУИ го имаше заглавено, а тоа е спојувањето на Кичево со Дебар, односно тоа е проектот Извор-Гарски мост на којшто многу интензивно се работи. Кога ќе биде завршен овој магистрален пат за жителите од Дебар и за селата од Реканскиот крај приклучокот на автопатот Охрид-Кичево ќе биде за околу дваесеттина минути. Што целосно ќе ја промени динамиката во тој дел од државата, истакна Николоски.

Тој од собраниската говорница рече дека за рехабилитација и санација на регионалните патишта може да зборува и до утре, бидејќи се опфатени голем број на делници.

Еве го за првпат заврна снег во државата и не е блокирана, претходно по три дена не можевме да излеземе од снег. Кој патува знае и гледа, за рекордно време се исчисти цела држава, посочи Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Стармер: Велика Британија нема да попушти пред притисоците на Трамп за Гренланд
Следна Статија Штипскиот градоначалник Иван Јорданов по втор пат стана татко!

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Лагард: Странските работници ја поттикнаа економијата на еврозоната

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ), Кристин Лагард, вчера изјави дека доаѓањето на работници од странство ја стимулирало економијата во…

August 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Објавено е најновото рангирање: Која земја е најиновативна во светот?

Шест од десетте најиновативни земји во светот се европски, но Кина се најде на листата за прв пат, исфрлајќи ја…

September 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азески се сретна со претставници на „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“

Претседателот Стопанската комора, Бранко Азески имаше средба со генералниот директор на компанијата „Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп“ (ФМТКП), Иван Костич…

April 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ивановски: Од Зелениково до Скопје со воз за 25 минути

Од Железничката станица Зелениково до Железничката станица во Скопје ќе се стасува за 25 минути, а од таа во Драчево…

November 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?