Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски и Трајановски на терен во надзор над работата за изградба на автопатот Охрид-Кичево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски и Трајановски на терен во надзор над работата за изградба на автопатот Охрид-Кичево
ЕКОНОМИЈА

Николоски и Трајановски на терен во надзор над работата за изградба на автопатот Охрид-Кичево

Објавено June 15, 2025 12:25
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и директорот на ЈП за државни патишта Коце Трајановски, во петокот и во текот на вчерашниот ден извршија вондреден надзор над активностите за изградба на автопатот Кичево-Охрид, соопштија од министерството за транспорт.

Надзорот се направи на повеќе позиции каде во моментов се вршат засилени градежни активности за реализација на овој капитален проект. При извршените контроли беше констатирано дека градежните работи се одвиваат со силен интензитет, согласно новиот динамички план за изградба на автопатот. Исто така беше утврдено дека наследентите проблеми со експропријацијата, дислокација на водовите како и косините се решаваат во континуитет согласно планираната динамика. По целата траса работите се одвиваат интензивно, се со цел до почетокот на туристичката сезона да се пушти за сообраќај потегот од Врбјани до Охрид со еден мал прекин кај населеното место Ботун каде се работи на санација на свлечиште, истакнуваат од транспорт.

Како што истакна вицепремиерот Николоски, динамиката на работа е планирана на начин што целиот автопат ќе се заврши до крај на 2026 година и истиот да се пушти во употреба.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Во МНР формиран кризен штаб достапен 24 часа за македонските државјани од Израел и Иран
Следна Статија Од Водно до Центар наплатил 7.800 денари – Швајцарец пријавил измама од таксист

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Во делот на инвестициите Македонија е водечка во регионот, со двоцифрен број проценти раст

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски е задоволен од искористеноста на средствата издвоени од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните…

January 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Јапонците ќе јадат американски ориз за пониски царини на автомобилите

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба за намалување на царините за увоз на јапонски автомобили и други производи,…

September 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мерцедес-Бенц се согласи да плати 149,6 милиони долари за прекршување на емисионите стандарди

Мерцедес-Бенз САД и матичната компанија Дајмлер АГ се согласија да платат 149,6 милиони долари за наводно тајно инсталирање уреди во…

December 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јапонска 40-годишна државна обврзница достигнува рекордни 4% по прв пат

Приносот на 40-годишната јапонска државна обврзница достигна 4%, највисоко ниво откако е воведена во 2007 година, што претставува историски момент…

January 21, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?