Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Македонија да ѝ се приклучи на иницијативата „Три мориња“ заради геостратешкиот интерес

Објавено April 9, 2026 16:41
Сподели
Сподели

Јасни се новите геополитички текови во светот и треба да бидеме паметни, нашата дипломатија да ја фати иницијативата „Три мориња“ во нејзиниот зародок како геостратешки интерес на државата – истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на панел-дискусијата „Транспортни коридори – геостратешки предуслов за економски просперитет и безбедносна архитектура во Југоисточна Европа – иницијатива 3 мориња“, што се одржа во Стопанската комора.

Според Николоски, државата има многу да понуди, а како што истакна, имаме и начин како да се приклучиме и да соработуваме. Од една страна, го имаме најголемиот бизнис-коридор во Европа, Коридорот 10, кој се сече со вториот по значење безбедносен коридор на НАТО, Коридорот 8. Тие ни даваат подобра поврзаност и геостратешка предност и затоа ние како Влада посветуваме големо внимание, енергија и инвестиции да ги доизгрaдиме и модернизираме – посочи Николоски. 

Говорејќи за геополитичката позиција на државата, вицепремиерот Николоски истакна дека политиките на Владата се насочени да биде поставена како стратешки партнер на САД во регионот.

– Eден сплет на настани, со мојата посета во Вашингтон, со сегашниот стратешки дијалог што се случува во Вашингтон и со посетата што ќе ја има министерката за финансии исто во Вашингтон, говори дека ние се обидуваме да се поставиме во регионот како стратешки партнери на САД.  Ако на тоа се додаде стратешкото партнерство влада со влада, што го потпишавме минатиот мај во Лондон со Велика Британија, ако на тоа се додаде договорот за стратешко партнерство, кој го потпишавме во јули минатата година со Унгарија, мислам дека работите се јасни. Најлошата работа што може да ѝ се случи на една држава е да не ги сфати новите текови. Ние мора да сме свесни во какви услови се наоѓаме и какви можности нè чекаат и да ги искористиме – истакна вицепремиерот Николоски.

Зборувајќи за инвестициите на коридорите 8 и 10, тој потенцира дека Владата преку инвестициите го истакнува нивното значење и важност како геостратешка предност во регионот и од аспект на економското влијание и од безбедносен аспект.

– Во однос на Kоридорот 10, имаме функционален автопат, во однос на железницата, минатата година потпишавме договор со Велика Британија да изградиме брза пруга. Во моментот ги работиме подготвителните работи, рокот е да ги завршиме во текот на летото и да почнеме со земјените работи и во рок од 5 години овој проект да биде завршен и како што ветивме до крајот на 2031 година да биде завршен. Ако на тоа се додаде гасниот конектор, кој го градиме со Грција и треба да биде извор на пет алтенративни мрежи за гас, вчера се потпиша договор со ЛНГ од САД и прашање на денови е кога ќе излезе тендерот за изградба на интерконекторот со Србија, тоа значи дека тивко, без многу помпа, ние во Македонија градиме алтернатива на она што се нарекува „Турски тек“ или „Јужен тек“ – рече Николоски.

Како што дополни, и во однос на Коридорот 8 автопатски напредуваме добро. – Источното крило го пуштивме минатиот јануари, вториот дел го работиме со ЕУ од Куманово до Страцин, понатанму Страцин – Паланка го пуштивме, а го реконструираме и ГП Деве Баир. Интензивно работиме на автопатските делници Тетово – Гостивар, Гостивар – Букојчани. Сега со ЕБОР работиме на делот од Букојчани – Кичево и веќе интензивно се работи Кичево – Охрид. Ако на тоа се додадат целосната реконструкција и проширувањето на ГП Ќафасан, имаме едно заокружување, кое до 2029 година ќе биде целосно функционално – наведе вицепремиерот.

Како што информира Министерството за транспорт, за пругата кон Бугарија очекува до понеделник да биде објавен тендерот за надзор за третата фаза, а за дваесетина дена и тендерот за изградба на оваа делница.

– Во западниот дел се работи со ЕУ за надградба и реконструкција на потегот од Скопје преку Јегуновце, Гостивар до Кичево на постојната траса, а ако се договориме со УНЕСКО, ќе ја продолжиме до Охрид, Струга и границата со Албанија – истакна вицепремиерот.

Тој ги потенцира и проектите на Коридорот 10 д, како и можноста за поврзување на Коридорот 10 со Коридорот 4 во Бугарија, како и инвестиции, кои геостратешки ќе овоможат економска предност и безбедност во децениите што следуваат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Браво Лина: Ѓорческа во четвртфиналето на ВТА турнирот во Мадрид
Следна Статија Донарума за Италија бранел „про боно“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Индустриското производство се зголемило за 1, 9 отсто во однос на лани

Индустриското производство во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период лани бележи раст од 1,9 отсто,…

December 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

УЈП направи техничка надградба на нејзините електронски системи

Управата за јавни приходи (УЈП) направи техничка надградба на своите електронски системи со цел нивното користењето да биде уште полесно…

October 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

МФ: Законски измени за ДДВ во насока на поддршка на домашната економија и компаниите

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања…

October 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Мерката „Новогодишна кошничка“ се одвива непречено, има преку 1000 производи, а мониторингот е постојан

Непречено се одвива акцијата новогодишна кошничка. Бројот на производите надмина 1000 опфатени со намалена цена од барем 10 проценти, констатира…

December 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?