Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: МФ: Законски измени за ДДВ во насока на поддршка на домашната економија и компаниите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > МФ: Законски измени за ДДВ во насока на поддршка на домашната економија и компаниите
ЕКОНОМИЈА

МФ: Законски измени за ДДВ во насока на поддршка на домашната економија и компаниите

Објавено October 9, 2025 16:48
Сподели
Сподели

Со цел зајакнување на домашната економија, поддршка на локалните компании и создавање нови работни места, Владата усвои измени и дополнувања на Законот за данок на додадена вредност, со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки во вредност до 22 евра. Законските измени веќе се во собраниска процедура, а нивното спроведување се очекува да има директни позитивни ефекти врз економијата и работењето на домашните компании, соопшти Министерството за финансии.

Со оваа мерка, околу 4 милиони денари месечно, колку што во одредени периоди изнесува прометот кон странските онлајн платформи, ќе се пренасочат кон домашното стопанство. Овие средства ќе придонесат за развој на локалните компании, отворање нови работни места и исплата на повисоки плати на вработените.

Ова претставува значаен чекор во заштита и поддршка на домашната економија, особено во услови на зголемена глобализација и дигитална трговија.

Дополнително, измените ќе помогнат во намалување на сивата економија, имајќи предвид дека досегашниот систем овозможуваше злоупотреби – односно увоз на стоки ослободени од данок кои понатаму се продаваат на домашниот пазар.

Со оваа измена, државата испраќа јасен сигнал на поддршка за домашните компании кои создаваат додадена вредност и вработуваат граѓани во земјата, се наведува во соопшението.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Народната банка и Агенцијата за катастар на недвижности потпишаа Меморандум за соработка
Следна Статија Кристина Тодорова од Неготино доби награда за млад земјоделец за иновативни производи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Гази Баба е најуспешна општина во Македонија за 2024 година според реализацијата на капиталните инвестиции

Првиот човек на Гази Баба Бобан Стефковски соопшти дека општина Гази Баба е прогласена за најуспешна општина во Македонија за 2024…

August 15, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ова се најстресните професии: Дали сте на листата?

Стресот на работа може да се појави од различни причини. Роковите и постојаната конкуренција вршат притисок за завршување на задачите…

September 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Граѓаните не ги очекува финансиски шок од новата цена на струјата, тврди Коњановски

Производната цена на електричната енергија во нашиот најголем капацитет РЕК Битола, во моментов изнесува 136 евра, додека на ниво на…

November 22, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави нови проекти: 18 милиони евра се предвидени за реновирање на студентски домови, по 250 евра за дигитални уреди

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска при посета на поставување камен темелник на изградба на нова детска…

October 30, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?