Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Кристина Тодорова од Неготино доби награда за млад земјоделец за иновативни производи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Кристина Тодорова од Неготино доби награда за млад земјоделец за иновативни производи
ЕКОНОМИЈА

Кристина Тодорова од Неготино доби награда за млад земјоделец за иновативни производи

Објавено October 9, 2025 16:54
Сподели
Сподели

Младата Кристина Тодорова од Неготино доби награда за млад земјоделец за иновативни производи, меѓу кои и тестенини со печурки без глутен и погодни за дијабетичари, информираа денеска од тимот на регионалниот еколошки центар „Ековита” од Неготино, чиј долгогодишен член е таа како дипломиран инженер агроном.

– Ова е уште една од низата на награди за Тодорова, што и беше врачена на Агро саемот во Струмица. Еколошкиот центар работи повеќе од 20 години, а во голем дел од нашите проектни активности таа е проектен координатор, подвлекоа од „Ековита”.

Тодорова изрази благодарност за наградата како млад и надежен земјоделец, укажаната доверба и препознавањето на нејзините напори за зачувување на здрава животна средина како предуслов за здрав живот.

– Ова е уште еден поттик за мене, да продолжам напред со моите и нашите активности за одржливо земјоделство и производство на иновативни производи, во склоп на циркуларната економија. Оваа награда не е само моја, таа е заслуга и на мојот тим, моите поддржувачи и младите кои се дел од нашиот еко центар, истакна Тодорова, која има 27 години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија МФ: Законски измени за ДДВ во насока на поддршка на домашната економија и компаниите
Следна Статија Екс директорот на АЕК, Орданоски, ќе биде координатор за дигитализација во Мепсо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Народната банка ги предупредува граѓаните: Внимавајте на лажни профили и сомнителни понуди

Народната банка ги информира граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на лажни профили, апликации и лица кои, електронски или…

December 2, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Владата не е против зголемување на минималната плата, но тоа мора да биде резултат на заедничка согласност меѓу работниците и работодавачите

„Денешната седница на Економско-социјалниот совет ја потврдува нашата заедничка определба – клучните економски и социјални прашања да ги решаваме преку…

December 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Лидл“ заинтересиран да отвори маркети на две локации во Штип

Познатиот германски бренд „Лидл“ во Штип е заинтересиран за отворање на маркети на две локации. Градоначалникот на Општина Штип, Иван…

November 12, 2024
ЕКОНОМИЈА

Просечната нето плата во мај достигна скоро 50 000 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во мај годинава изнесуваше 49.544 денари, а во однос на мај лани е повисока…

July 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?