Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски на средба со заменик извршниот директор на „Мубадала“ – Разгледани можностите за инвестиции во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски на средба со заменик извршниот директор на „Мубадала“ – Разгледани можностите за инвестиции во Македонија
ЕКОНОМИЈА

Николоски на средба со заменик извршниот директор на „Мубадала“ – Разгледани можностите за инвестиции во Македонија

Објавено April 16, 2025 18:15
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски и членовите на македонската делегација што ја предводи состaвена од министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, Игор Јанушев – генерален секретар на Владата и Гоце Димовски – директор на Дирекцијата на ТИРЗ, денеска во Абу Даби имаа средба со Валид Ал Мокараб Ал Мухари – заменик извршен директор на „Мубадала“, инвестициска компанија од Обединетите Арапски Емирати.

На средбата, на која се разговараше за потенцијалната соработка, Николоски ги презентираше условите што ги нуди Македонија на странските инвеститори, како и потенцијалните можности за инвестиции во земјата, соопшти Министерството за транспорт.

Вицепремиерот Николоски истакна оваа средба е добра можност за отворање нови перспективи меѓу двете земји, потенцирајќи дека Македонија има одлична геоположба која на инвеститорите им нуди предност во регионот и директно поврзување со пазарите во Централна Европа.

На средбата, Николоски ги презентираше и инвестициските можности во делот на туризмот, инфраструктурата и земјоделието. Тој пред присутните го претстави планот за инфраструктурен развој на Република Македонија со посебен фокус на модернизација на транспортните коридори.

Исто така, на средбата се разменети и идеи за поддршка на претприемаштвото и приватниот сектор во делот на технологијата, иновациите, обновливите извори на енергија и други сектори.

„Мубадала” е инвестициска компанија со портфолио од 302 милијарди долари која работи на шест континенти во различни сектори.

Денешната средба е во рамки на владината официјална посета на Обединететите Арапски Емирати, се наведува во соопштението од Министерството за транспорт.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Изгласана новата Влада на Србија
Следна Статија Oпределeни мерки за претпазливост за шест полициски службеници осомничени за пожарот во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Гасоводот со Грција се гради, се надевам наскоро ќе почне и градбата на северниот интерконектор со Србија

Гасоводот со Грција е отпочнат да се гради, откако бил закочен, поради тоа што претходната Влада на СДСМ и ДУИ…

June 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

МФ: Издадена нова 23-та емисија на обврзници за денационализација во износ од 1,5 милиони евра

Министерството за финансии ја издаде 23-тата емисија на Обврзници за денационализација во вредност од 1,5 милион евра, со која се…

December 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Стојановски: Нашата цел е зголемување на животниот стандард на граѓаните

Македонија мора активно да се поврзува со соседите и да создаде нови патишта на развој. Проектот за брза пруга кој…

October 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Македонија се поврзува со системот за инстант плаќање на Европската централна банка

Граѓаните и компаниите на Македонија Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора наскоро ќе можат брзо да плаќаат во…

October 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?