Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Македонија се поврзува со системот за инстант плаќање на Европската централна банка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Македонија се поврзува со системот за инстант плаќање на Европската централна банка
ЕКОНОМИЈА

Македонија се поврзува со системот за инстант плаќање на Европската централна банка

Објавено October 16, 2025 10:54
Сподели
Сподели

Граѓаните и компаниите на Македонија Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора наскоро ќе можат брзо да плаќаат во евра преку системот за пренос на парични средства во евра ТИПС ( Target Instant Payment Settlement) на Европската централна банка.

Народна банка, соопшти дека гувернерот Трајко Славески за време на Годишните средби на ММФ и Светската банка во Вашингтон заедно со гувернерите на централните банки на Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора, го потпиша Писмото на намери со гувернерот на Банката на Италија, Фабио Панета, врз основа на кое Банката на Италија ќе развие клон на ТИПС (Target Instant Payment Settlement) за овие пет земји од Западен Балкан, согласно одлуката на Управниот совет на Европската централна банка.

– Вклучувањето на Народната банка во овој регионален проект е во согласност со акцискиот план на владите на земјите од Западен Балкан за воспоставување Заеднички регионален пазар, којшто меѓу другото вклучува модернизација на платните системи и нивно регионално поврзување и интегрирање со ТИПС на Европската централна банка (ЕЦБ) – велат од Народна банка.

Преку ТИПС, давателите на платежните услуги им овозможуваат на граѓаните и на компаниите во Европската Унија брз пренос на парични средства во евра, во кое било време во текот на денот, за викенди и празници.

Според Славески, со овој чекор се официјализира почетокот на воспоставувањето современ систем за инстант плаќања, што претставува значаен исчекор во модернизацијата на националната платежна инфраструктура и нејзино регионално поврзување со земјите од Западен Балкан, како и со инфраструктурата во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА).

-Воспоставувањето платен систем за инстант плаќања, клон на ТИПС, носи голем број придобивки за економијата. Плаќањата ќе се порамнуваат многу брзо имајќи предвид дека 99% од нив би се обработиле во рок од 5 секунди, додека останатиот 1% во рок од 10 секунди. Народната банка ќе овозможи решенија со чија помош граѓаните ќе може да иницираат плаќања на едноставен начин и ќе можат со внесување на бројот на мобилниот телефон на примачот, да извршат пренос на парични средства на друго лице чија платежна сметка не ја знаат однапред- рече Славески.

Тој додаде дека, овие решенија ќе овозможат ефикасно иницирање плаќања на физичките и на виртуелните продажни места без користење платежни картички, што ќе им овозможи на трговците да ги примат паричните средства во рок од неколку секунди и да располагаат со нив веднаш.

Славески, при што посочи дека нашата земја прави важен чекор кон интеграција на домашниот финансиски систем во европскиот платежен простор.

Клонот на ТИПС е наменет за инстантно извршување домашни плаќања во националните валути на земјите од Западен Балкан, со можност за поврзување со ТИПС за извршување плаќања во евра во СЕПА. Целта е да се обезбеди интероперабилност и единствена платежна мрежа меѓу регионот и ЕУ, што ќе го олесни движењето на капиталот и трговијата.

Оператори на платните системи за инстант плаќања ќе бидат централните банки, со тоа што информациските системи на давателите на платежните услуги во земјава ќе бидат приспособени кон барањата и стандардите на клонот на ТИПС, при што техничката инфраструктура е обезбедена од Банката на Италија, со што значително ќе се олеснат развојот и одржувањето на инфраструктурата на централните банки од Западен Балкан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почна вакцинацијата против сезонски грип, досега пријавени 43.000 граѓани
Следна Статија Три мандати на СДСМ, 12 години власт во Центар – од Буњаковец и Дебар Маало направија урбана Газа во срцето на Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Витаминка започнува со имплементација на ESG – стратешки чекор кон одржлива иднина

Витаминка започна со формална имплементација на ESG (Environmental, Social, Governance) принципите преку современата VSME рамка за репортирање, која овозможува систематски…

November 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Шест квартали по ред имаме раст на БДП, владините политики даваат резултати

Шест квартали по ред имаме реален бруто домашен производ кој расте за три и пол проценти во просек. Во последните…

March 5, 2026
ЕКОНОМИЈА

Гувернерот Славески и Басани од Светската банка потпишаа договор за експертска поддршка за воведувањето инстант плаќања во земјата

Напорите на Народната банка, со поддршка од Светската банка (СБ), за зачленување на земјава во Единствената област за плаќање во…

April 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски се сретна со унгарскиот министер за национална економија: Регионалните проекти во инфраструктурата и транспортот се заеднички приоритет за двете држави

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на посетата на Унгарија, денеска оствари средба со министерот за национална…

August 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?