Николоски неделава го потпишува Стратешкиот договор во Лондон, најави британскиот амбасадор

- Advertisement -

Британскиот амбасадор во Македонија Метју Лосон во вечерашната Тема на денот, како дел од вестите на Сител ТВ во 19 часот, зборува за Стратешкото партнерство и Спогодбата помеѓу владите на Македонија и на Велика Британија и што значи тој за односите меѓу двете земји и соработката на економскиот раст, трговија, одбрана и безбедност.

Тој исто така најави дека македонската делегација предводена од вицепремиерот Александар Николоски неделава ќе го потпише Стратешкиот договор на сцечена церемонија.

Се радувам што ќе го придружувам заменик-премиерот Александар Николоски и делегацијата на Владата на церемонијата на потпишување која ќе се одржи во Лондон оваа недела, објави Метју Лосон, британскиот амбасадор во Република Македонија.

Сподели ја оваа статија