Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Стоп за Усје“ за во четврток закажа граѓанска блокада
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Стоп за Усје“ за во четврток закажа граѓанска блокада
МАКЕДОНИЈА

„Стоп за Усје“ за во четврток закажа граѓанска блокада

Објавено December 20, 2025 14:49
Сподели
Сподели

Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ најави граѓанска блокада во четврток, 25 декември, со почеток во 18:00 часот, на раскрсницата меѓу булеварите „Борис Трајковски“ и „Србија“ во Скопје.

Од иницијативата велат дека протестот е одговор на според нив долгогодишното жртвување на јавното здравје на граѓаните во корист на профитни интереси.

Покрај блокадата, најавена е и прес-конференција, на која јавно ќе бидат изнесени конкретни барања до надлежните институции. Целта, според организаторите, е конечно и трајно решавање на проблемот со загадувањето на воздухот во Скопје, за кое тврдат дека е директно поврзано со работењето на Цементара Усје.

Од „Стоп за Усје“ порачуваат дека блокадата е замислена како мирен, но решителен протест, насочен против, како што велат, континуираното загадување и труење на жителите на градот. Според нив, проблемот со години се одвива со знаење и толеранција од страна на институциите, наместо со соодветна заштита на јавното здравје.

„Наместо институционална реакција и санкционирање, сведоци сме на игнорирање на алармантни податоци, неделување и прикривање на одговорноста“, соопштуваат од Иницијативата.

Од таму додаваат дека пораката на протестот е јасна – повеќе нема да се молчи и нема да се одложува граѓанскиот револт, ниту пак ќе се прифати здравјето на луѓето да биде жртвувано на сметка на економски интереси.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полициски службеник
Следна Статија Јанчев за сообраќајката: Жал ми е за сѐ, но не сум бил пијан, дрогиран, ниту сум возел бесно

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Отворен конкурс за 17. Школа за млади лидери на Претседателот Иванов

Кабинетот на поранешниот македонски претседател Иванов информира дека денес е објавен конкурсот за учество на 17. Школа за млади лидери…

May 30, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија од држава за потсмев во криза, сега е фактор на енергетска стабилност

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на собраниската седница за пратенички прашања за состојбите и плановите во енергетскиот сектор, потсети на моментите…

March 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

МВР: Вчера 651 прекршок регистриран преку „Безбеден град“, 585 за пребрзо возење

Преку „Безбеден град“ вчера биле регистрирани 651 прекршок, од кои 585 биле за пребрзо возење. Изречени се вкупно 58 забрани…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Калајџиев: Никој во државата веќе не го брани Коцевски

Се погласни се критиките и оправдувањата за смена на републичкиот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, иницијатива која што владата веќе ја…

February 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?