Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Јанчев за сообраќајката: Жал ми е за сѐ, но не сум бил пијан, дрогиран, ниту сум возел бесно
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Јанчев за сообраќајката: Жал ми е за сѐ, но не сум бил пијан, дрогиран, ниту сум возел бесно
ХРОНИКА

Јанчев за сообраќајката: Жал ми е за сѐ, но не сум бил пијан, дрогиран, ниту сум возел бесно

Објавено December 20, 2025 14:51
Сподели
Сподели

Јас сум единствен легален учесник во сообраќајот во таа несреќа. Вака пратеникот од Левица, Сашко Јанчев го прокоментира поднесувањето обвинение од страна на ОЈО против него за сообраќајката во Марино во која загина 16-годишниот Матеј Димовски.

Јанчев тврди дека случајот се користи за политичка пресметка, а демантираше и дека шпекулациите оти бил под дејство на алкохол или дрога.

-Најпрво жал ми е за се што се случи таа вечер. Не поминува ден да не помислам на ова. Веднаш после настанот пружив помош и повикав помош. Направив се што можеше да се направи. Морам да забележам дека брза помош чекавме цели 50 минути. Морам да забележам и дека јас сум единствен легален учесник во сообраќајот во таа несреќа. Исто така морам да забележам и дека власта уште истиот ден, само после неколку часа, почна да го користи случајов за политичка пресметка со мене преку координирани и планирани напади.

Уште рано наутро преку нивните пропагандни медиуми пуштија вести дека сум бил пијан, дрогиран и дека сум возел бесно. Ништо од ова не е точно. Пуштија вест дека сум возел бесен џип и ставаа слики од нови скапи возила. И ова не е точно. Моето возило е старо 20 години, вели Јанчев.

Неговата реакција доаѓа само неколку часа откако Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против него за „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Иако Обвинителството во истрагата констатираше дека Јанчев направил непрописно свртување со својот „Хјундаи тусон“ без да се увери во безбедноста, во самиот акт се потврдуваат и наводите на Јанчев за другата страна – моторот „Јијинг“ во кој удрил бил без регистарски таблички и без вградени светла, а починатиот 16-годишник и неговата сопатничка не носеле кациги и немале возачка дозвола. Сепак,

ОЈО смета дека примарната вина за загрозување на сообраќајот е кај возачот на автомобилот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Стоп за Усје“ за во четврток закажа граѓанска блокада
Следна Статија Софија со викенд зелена карта се справува со загадениот воздух

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Судењето за пожарот во Кочани распределенo кај судијката Диана Груевска Илиевска, таа го ослободи Заев за „Поткуп“, а судеше и за Ласкарци и за „Сопот“

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани е распределен кај судијката Диана Груевска Илиевска, соопшти Основниот кривичен суд Скопје. „Согласно…

October 3, 2025
ХРОНИКА

Одреден 30 дневен притвор за Фахми Стафа

На поранешниот правобранител, Фахми Стафа му е определен притвор во времетраење од 30 дена, поради опасност од бегство и влијание…

December 15, 2025
ХРОНИКА

(ФОТО) Извршен е вандалски чин врз манастирот Пресвета Богородица во с. Матејче

Извршено е провалување, копање на подот во манастирската црква и украден е оловниот лим од централната купола на манастирската црква…

March 7, 2025
ХРОНИКА

Над десет лица се тепале во Батинци

На 29.08.2025 околу 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Батинци, скопско, по претходно нарушени меѓусоседски и семејни…

August 31, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?