Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Не оставаме никаков простор за никаков вид соработка со ДУИ, тука е главната забелешка кон Таравари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Николоски: Не оставаме никаков простор за никаков вид соработка со ДУИ, тука е главната забелешка кон Таравари
ПОЛИТИКА

Николоски: Не оставаме никаков простор за никаков вид соработка со ДУИ, тука е главната забелешка кон Таравари

Објавено May 7, 2025 21:47
Сподели
Сподели

Не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ на ниту еден елемент од Владата и по ниту една основа: формална, неформална, само за локални избори,… Тука е главната забелешка кон Таравари и кон неговото однесување, рече вечерва вицепремиерот, министер за транспорт и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски.

Николоски не верува дека Таравари е толку наивен да изврши политичко самоубиство и да заврши во прегратките на ДУИ.

Тој во гостување на ТВ Сител потврди дека премиерот Христијан Мицкоски имал средби изминатиот период со партнерите од Владата. Оцени и дека би било добро и за функционирањето на Владата и за политичкиот живот во Македонија, особено за етничките Албанци, да дојде до смирување на ситуацијата околу наводното излегување на Таравари.

Според вицепремиерот, министер и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Владата е стабилна, ВМРО-ДПМНЕ заедно со ЗНАМ има 66 – 67 пратеници што е, рече, многу комотна бројка.

-Точно е дека имаше средби изминатиот период со партнерите од Владата. На дел бев и јас присутен. Разговаравме, комунициравме. Премиерот има многу јасна визија каде сака да се движи државата, но она што е клучно во неговата визија е едно од трите најважни изборни ветувања, дека мора да имаме силна битка со организираниот криминал и корупцијата кои беше најмногу олицетворени во ДУИ. Ветивме дека ДУИ ќе биде и е во опозиција. Затоа, не оставаме никаков простор за соработка со ДУИ на било кој елемент од Владата и во која било форма: формална, неформална, само за локални избори, и тука е главната забелешка кон Таравари и неговото однесување. Веќе кажав дека со целото искуство што го има Таравари, не верувам дека е толку наивен да изврши политичко самоубиство и да заврши во прегратките на ДУИ. Се надевам нема да ме демантира, подвлече Николоски.

За него е премногу шпекулативно Алијанса на Албанците на Села да влезе во Владата.

-Тоа е исто така дел од друштвото на ДУИ, принципите се исти, во политиката никогаш не се пресекува до крај, но, ако денес треба да одговорам, би рекол дека е повеќе е шпекулативно, отколку релативно, потенцира Николоски.

Во врска со локалните избори најави дека во втората половина на летото ќе се искристализираат кандидатите за градоначалници за Скопје, а кон крајот на мај и почетокот на јуни кандидатите за другите општини. За втор мандат одлуки партијата се уште нема донесено, но во неколку големи општини каде градоначалниците имаат одлични перформанси, ќе им се даде шанса да трчаат повторно.

Став на Николоски е дека граѓаните не го поврзуваат ВМРО-ДПМНЕ со Данела Арсовска.

-Одлуката на претходните локални избори донесе пообеда за Скопје, но, денес е јасно дека ВМРО-ДПМНЕ беше главниот носител на победата. Партијата имаше јасна стратегија, има и сега. За жал, Данела потфрли и тоа е факт. Апсолутно чувствуваме грижа, но луѓето прават јасна дистинкција, не ја поврзуваат со ВМРО-ДПМНЕ, рече Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јунакот на Интер го победи ракот и го однесе во финалето на ЛШ
Следна Статија ПСЖ го доби дуелот на „богатите“ во ЛШ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

ВМРО како фирма со еден газда, велат од СДСМ

Христијан Мицкоски направи уште еден авторитарен чекор во ВМРО. Ги отстрани сите потпретседатели. Муцунски, Николовски, Мисајловски, Кочовска, сите се отстранети,…

February 8, 2026
ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ: Резолуцијата е уставно дозволен политички акт, СДСМ шири паника

ВМРО-ДПМНЕ реагираше на, како што наведуваат, обидите на СДСМ да ја прикаже усвоената Резолуција како неуставна и како акт што…

December 18, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ за 4 години локална власт ги разочара граѓаните со хаосот и корупцијата во општините

Почетокот на четиригодишниот мандат на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво се оцени како период на разочарувања, нечисти општини, урбанистички хаос и…

August 23, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ: Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски е замешан во шемата на неговиот директор Стоилев?

Кога директор на државна институција, Илија Стоилев, кадар на ДПМНЕ е фатен со обележани банкноти за мито јасно е дека…

November 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?