Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за евроинтеграција, тоа јасно го кажа и Марта Кос
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за евроинтеграција, тоа јасно го кажа и Марта Кос
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Изборниот законик е дел од реформите за евроинтеграција, тоа јасно го кажа и Марта Кос

Објавено July 15, 2026 12:10
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека Владата ја доведува во заблуда јавноста кога тврди дека измените на Изборниот законик се поврзани со европските интеграции, посочувајќи дека тоа јасно го потврдила и еврокомесарката за проширување Марта Кос.

Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека ова прашање заслужува коментар бидејќи е важно за граѓаните и за државата.

„Не мора мене да ме слушаат, јас сум неважен во случајов. Нека ја слушаат еврокомесарката Марта Кос. Таа јасно кажа дека тоа е дел од реформите кои се важни за евроинтеграцијата“, изјави Мицкоски.

Тој ја обвини опозициската СДСМ за, како што рече, двојни стандарди во однос на европската агенда.

„Чудни се некои политичари во опозицијата. Кога станува збор за нивен интерес, односно за нивниот џеб, тогаш им е полна устата со Европа. Кога, пак, треба да покажат одговорност и да се носат важни одлуки, особено додека се во опозиција, прават сѐ за ние да не стигнеме таму каде што треба да стигнеме“, рече премиерот.

Мицкоски порача дека Владата ќе продолжи да ги спроведува реформите и да работи на исполнување на стратешката цел – полноправно членство на државата во Европската Унија.

„И со нив и без нив, ние продолжуваме да ги реализираме стратешките цели, а тоа е полноправно членство на земјата во Европската Унија“, истакна Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Топката со која е постигната „божјата рака“ се продава за 2.5 милиони долари
Следна Статија На француските навивачи полицијата им беше виновна за поразот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Николов: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Станува збор за политички притисок, оцени денеска росоманскиот градоначалник Стојан Николов, откако СВР Велес вчера информираше дека му е поднесена…

September 5, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Состојбата во владината коалиција е одлична, ќе се случи средба со Таравари

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговорајќи на новинарско прашање за време на неговата посета на Општина Кавадарци, во однос на тоа…

May 2, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Зошто се плашиш Мицкоски од независно судство, затоа што нема да имаш контрола

На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Кавадарци, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини власта за партизација…

October 10, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски се присети на средбата со Јакимовски во 2021 година: Ми вели, ако треба и на колена ќе клекнам, те молам да ја имам вашата поддршка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денес се обрати од маалската средба која се одржа во општина Карпош. Мицкоски зборуваше за…

October 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?