Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Герасимовски: Кампањата ја почнуваме со садење дрвја како симболика за развој и долгорочна грижа за Центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Герасимовски: Кампањата ја почнуваме со садење дрвја како симболика за развој и долгорочна грижа за Центар
ПОЛИТИКА

Герасимовски: Кампањата ја почнуваме со садење дрвја како симболика за развој и долгорочна грижа за Центар

Објавено September 29, 2025 14:36
Сподели
Сподели

Кандидатот за градоначалник од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник на Општина Центар Горан Герасимовски, заедно со носителот на советничката листа Александар Савевски и сите кандидати за советници, кампањата за локалните избори ја почнаа со работа, со садење дрвја во Паркот на Франкофонијата како симболика за развој, за одржливост, за иднина, за долгорочна грижа за Центар.

Герасимовски, потенцираше дека во изминатите четири години со доверба од граѓаните се создаде нова приказна во Центар. Со многу работа, со многу љубов, знаење и верба, се развиваше Центар што го сакаме.

„Со Вас граѓаните испишавме одлична Програма и конкретни планови. За сите маала, улици и граѓани. Бидејќи за нас најважен е граѓанинот. Со Вас, ја правиме најсилната коалиција, најсилното движење и најдоброто решение за Центар што го сакаме. Како и досега, и во овие денови, со нашиот центарски и најголем тим од 600тини волонтери и поддржувачи ќе влеземе во над 15 илјади домаќинства. Лично и со мојот одличен тим, сакаме да ви ги понудиме најдобрите решенија за сите барања и потреби. Директно и јасно, чесно и одговорно, со план и со највисока почит. Верувам во Вашата мудрост и желба да продолжиме да го градиме Центар што го сакаме. Безбеден. Чист. Зелен. Хуман. Солидарен. Достоинствен. Отворен и модерен. Центар на културата, најдоброто образование и спокојното живеење. Посакувам и ветувам мирна и позитивна кампања. На останатите кандидати им посакувам среќа и желба да бидат дел од новата центарска култура која ја креиравме. Преку позитивна кампања да се натпреваруваме со идеи и проекти. Во Центар немало и не смее да има место за навреди и омаловажувања. Веруваме дека граѓаните повторно ќе го изберат Центар што го сакаме“, рече Герасимовски.

Носителот на советничка листа Александар Савевски, истакна дека Герасимовски покажал како најдобро се води општина и како жител на Центар одлучил да ги предводи одличните кандидати за советници, со целосна доверба и поддршка за Горан Герасимовски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Само 42 отсто од институциите доставија податоци за службени возила пред локалните избори
Следна Статија Скопјанка измамена за 18.000 денари при изнајмување стан, депозитот го оставила во сандаче

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Објектот на Левица е поранешен штаб на Палчо, тврдат од ВМРО ДПМНЕ

Деловниот објект кој го купи Левица на Апасиев е поранешен штаб на Палчо, рече на денешната прес-конференција . Местото каде…

April 27, 2025
ПОЛИТИКА

Орце Ѓорѓиевски од „Ѓорче Петров“ најави капитални инфраструктурни проекти за подобрување на сообраќајот и квалитетот на живот

Кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски денеска во Ѓорче Петров најави инфраструктурни интервенции кои ќе започнат веднаш…

October 5, 2025
ПОЛИТИКА

Шилегов: Се потврди дека актуелното раководство на СДСМ одработува за ВМРО-ДПМНЕ за да избегне кривичен прогон

Со иницирањето постапка за негово исклучување од СДСМ, ексградоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вели дека се потврдиле неговите тврдења дека…

March 17, 2026
ПОЛИТИКА

Попов: УМС повторно докажува дека е меѓународно етаблирана организација

На денешното отворање на настанот под мотото „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“, во организација на…

March 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?