Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Носиме 35.000 туристи надвор од главната сезона, огромна промоција за Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Носиме 35.000 туристи надвор од главната сезона, огромна промоција за Македонија
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Носиме 35.000 туристи надвор од главната сезона, огромна промоција за Македонија

Објавено February 16, 2025 17:50
Сподели
Сподели

Нема поубава промоција за една држава од добра туристичка понуда. Најмалку еден лет дневно и меѓу 180 и 200 туристи секојдневно ќе ни доаѓаат надвор од главната туристичка сезона. До крај на годината очекувам преку 35 илјади туристи само од чартер летови од Германија, истакна денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на промоција на првиот чартер лет со туристи од Германија кои пристигнаа на Меѓународниот аеродром Скопје.

Како што потенцира вицепремиерот Николоски, ова е прв пат да се привлечат туристи од Европа надвор од главната сезона, што е одлична можност за развој на туризмот и локалната економија во државата.

-Македoнија прв пат гледа голем број на туристи надвор од главната сезона. Со заеднични напор на Владата, на тур -операторите и на ТАВ Македонија успеваме да привлекуваме туристи кои доѓаат надвор од главната летна и зимска сезона. Во периодот меѓу февруари и мај и периодот меѓу октомври и декември само оваа година ќе дојдат 35 илјади турусти, очекуваме тој број да расте во годините што доаѓаат. Тоа значи 35 илјади туристи кои што ќе ги полнат хотелите, кои ќе ги посетуваат убавите ресторани и кафетерии, ќе купуваат убави сувенири, ќе придонесуваат за локалната економија, ќе го пробаат македонското вино и храна и ќе ги пренесат убавите спомени од Македонија. Најмалку по еден авион дневно ќе слетува на скопскиот аеродром и некаде 180 до 200 луѓе ќе доаѓаат за да ги посетат знаменитостите во Македонија, изјави вицепремиерот Николоски.

Тој исто така најави дека веќе од следниот месец ќе започнат да оперираат и првите летови кои владата преку министерството за транспорт финансиски ги подржува.

-Започнуваат првите летови што се дел од новата владина програма за субвенционирање. Веќе имеме десет летови од скопскиот и охридскиот аеродорм и се надевам дека истите ќе растат. Можам да најавам дека Туркиш ерлајнс ќе започне веќе од 27 март, а исто така и Визер на линијата Базел –Охрид, истакна вицепремиерот Николоски.

Вицепремиерот додаде дека за најдоца за два месеци ќе се започне со реконструкција и на терминалната зграда на охридскиот аеродром.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Секој трет граѓанин размислува да ја напушти Македонија
Следна Статија (ВИДЕО) Оџа од Чаир: „Како Тексас станавме, срамота сме на светов! Парампанче се правите меѓу себе“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Објавена листата на фирми на кои ќе им бидат одземени лиценците

Mинистерството за транспорт ја објави листата на правни лица за кои се води постапка за одземање на лиценцата во делот…

March 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Oд полноќ поскапи бензини за еден денар

По случувањата на Блискиот Исток и очекувањата за скок на цената на нафтата, стигнаа и првите поскапувања на нафтените деривати…

March 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Во вториот квартал впишани 2 876 хипотеки врз недвижности

Во периодот април - јуни годинава се запишани 2 876 товари врз недвижностите со вкупна вредност од 551.537.664 евра и…

November 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бошков: Приватниот сектор не може да си дозволи покачување на платите за 100 евра без олеснувања за придонесите

За Бизнис-конфедерацијата е прифатливо зголемување на минималната плата во март со усогласувањето со законот, но секое друго покачување, без олеснети…

January 27, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?