Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Обвинителството да го повика Сотир Ампов и да истражи како е во комуникација со Артан Груби, помагање на бегство од правдата е кривично дел
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Николоски: Обвинителството да го повика Сотир Ампов и да истражи како е во комуникација со Артан Груби, помагање на бегство од правдата е кривично дел
ПОЛИТИКА

Николоски: Обвинителството да го повика Сотир Ампов и да истражи како е во комуникација со Артан Груби, помагање на бегство од правдата е кривично дел

Објавено October 5, 2025 17:52
Сподели
Сподели

Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на Изборна единица 4, се обрати на денешниот народен митинг во општина Ново Село, во рамки на изборната кампања за локалните избори 2025 година, чиј слоган е Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина! Николоски се осврна на актуелниот лидер на СДС, Венко Филипче, при што истакна дека Филипче наоѓа договори, а сумата не ја споменува од причина што истата таа сума Филипче ја троши за 5 дена за неговата јахта. И покрај се ова, според Николоски, Филипче јавно кажува дека е во комуникација со Артан Груби, бегалец од правдата, Зоран Заев, а го изостава Сотир Ампов, човек кој што имал фабрика за долен веш, а потоа наеднаш добива работа за надзор на изградба на автопати.

-Венко Филипче вчера, нашол еден договор во железница на цели 45 илјади евра, внимавајте сумата не ја кажуваат, затоа што 45 илјади евра, Венко за јахтата троши отприлика за 5 дена, ако прави подолга дестинација или побрзо ја вози за 3 отприлика одат само за бензин, кажа Николоски и додаде:

„И велат еве тоа е доказот, дека тоа што го правеле додека биле на власт било добро, затоа што и ВМРО-ДПМНЕ со истата компанија потпишала договор. И се фатија за железница која што ја оставија минатата година опустошена. Во двете железнички претпријатија преку 3000 луѓе без плата“.

Николоски посочи дека Филипче, случајно или не, го изоставил Сотир Ампов, кого го нарече главна фигура во целиот конзорциум. Тој додаде дека и покрај очигледните сомнежи, обвинителството веќе една година избегнува да го истражува Ампов.

„Случајно или не, Венко Филипче вчера заборави да го спомене главниот во целата таа композиција, во целиот тој конзорциум како што го нарекуваа. Оној кој што имаше фабрика за долен веш, ама наеднаш почна да добива работа за надзор на изградба на автопати. И случајно или не, вчера заборави Сотир Ампов да го спомене, неговото семејство и двете нивни фирми коишто случајно или не, обвинителството еве една година одбегнува да ги истражува. Би сакал да ги повикам конечно да почнат тоа да го прават“, истакна Николоски.

Според Николоски, обвинителството треба да испита како може Филипче да биде во комуникација со бегалец од правдата. Тој исто така нагласи дека токму поради ваквите случаи на злоупотреби и сомнителни врски, на претстојните локални избори граѓаните треба масовно да излезат и да стават крај на, како што вели тој, криминалната банда на СДС.

„А паралелно истиот тој случајно или не, се фали дека е голем пријател на Зоран Заев и еден од ретките којшто комуницира со Артан Груби. Па ако не истражуваат за начинот на којшто работеле во минатото еве од обвинителството, нека истражат како е тоа тој човек во комуникација со бегалец од правдата и мислам дека час поскоро, минута поскоро после ова што го кажувам треба да го повикаат, барем на разговор во обвинителството , затоа што помагање на бегство е исто така кривично дело“, заклучи Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп: Хамас ќе се соочи со тотално уништување ако не се согласи со планот за прекин на огнот
Следна Статија Скопјани утрово имаат вода, пукнатата цевка предизвикала силна експлозија кој ги вознемирила жителите на Влае

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Ристова: Откриваме нов скандал – пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

Пазарот во Неготино е изграден без соодветно одобрение за градење, а се води како „поставување на урбана опрема“, обвини денеска…

April 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Киер Метер, министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација, во…

October 23, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: До тоа дереџе дојде СДСМ, да прави пактови со лица на црни листи, да се сојузува со Левица, да сe надева на ДУИ

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, денес имаше свое обраќање, од народниот митинг одржан во Свети Николе, во рамки на изборната…

October 12, 2025
ПОЛИТИКА

Висар Адеми е независен кандидат за градоначалник на Гостивар

Како независен кандидат во трката за градоначалник гува Висар Адеми. Тој придружуван од неколку блиски пријатели ги предаде документите за…

August 29, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?