Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Одлични вести од Брисел за огромниот проблем на превозниците во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Одлични вести од Брисел за огромниот проблем на превозниците во Македонија
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Одлични вести од Брисел за огромниот проблем на превозниците во Македонија

Објавено January 29, 2026 14:23
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски соопшти дека од Брисел пристигнале, како што ги оцени, „одлични вести“ во врска со долгогодишниот проблем на македонските превозници поврзан со престојот и работата во земјите од Шенген-зоната.

„Нашите ставови се прифатени. Возачите се прифатени како професионалци. Тоа е токму она што го баравме“, порача Николоски, наведувајќи дека по протестите и интензивната дипломатска активност во изминатиот период, Европска унија ќе донесе нова визна стратегија.

Според него, новата стратегија за визи ќе значи системско решавање на проблемот со кој се соочија професионалните возачи од Македонија, кои досега беа третирани како туристи и ограничени со правилото за престој од 90 дена во период од 180 дена.

Николоски изрази благодарност до, како што рече, пријателите на Македонија кои помогнале во процесот за изнаоѓање решение, нагласувајќи дека станува збор за важен чекор за транспортниот сектор и за економијата во целина.

Очекувањата се дека новата визна стратегија ќе овозможи појасен и поправеден статус за професионалните возачи, со што ќе се олесни нивната работа и ќе се избегнат блокадите и штетите кои во изминатиот период ги трпеше целиот регион.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Судијата Џорџ Шилц ги предизвикува тактиките на имиграциските служби
Следна Статија Пријава и за Фатмир Дехари од Кичево- го оштетил Буџетот за 130 илјади евра од вработени кои не оделе на работа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: За две и пол години ќе имаме завршен автопат Тетово-Гостивар

Денеска почнуваме нов проект, автопатoт Тетово-Гостивар, дел од коридор 8. За две и пол години од денеска ќе имаме автопат…

May 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Бројот на странски туристи зголемен за 15 отсто

Во периодот јануари – јули 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е…

September 11, 2025
ЕКОНОМИЈА

Првиот маркет на Лидл ќе биде отворен во Ново Лисиче

Камен темелник на најновиот продажен маркет на „Лидл“ ќе биде поставен утре, среда, во 11 часот. Локацијата е во општина…

September 2, 2025
ЕКОНОМИЈА

Горивата поскапуваат од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со…

October 14, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?