Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Партнерството со Обединетото Кралство е уникатно, договорите носат голема додадена вредност за Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Партнерството со Обединетото Кралство е уникатно, договорите носат голема додадена вредност за Македонија
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Партнерството со Обединетото Кралство е уникатно, договорите носат голема додадена вредност за Македонија

Објавено June 6, 2025 09:32
Сподели
Сподели

Додадената вредност на двата договори со Обединетото Кралство е политичка. Тоа е силен политички сигнал, затоа што финансирање на проекти можа да се најде и од други извори, но вакво ниво на политички односи тешко се стекнува на друго место, истакна вицепремиерот Александар Николоски во емисијата “Вечерно Шоу со Богдан Илиевски”.

Договорот со Обединетото Кралство има структурна компонента, има и подршка во реформи, подршка на здравството, образованието, финансиска компонента, но на прво место е политичката компонента, вели вицепремиерот Николоски.

Имаме држава за партнер од која Македoнија може да добие само многу. Ние со децении зборуваме дека на Македонија и е потребна голема држава како покровител. За жал претходните влади не направија ништо таква држава да застане позади нас, а еве ние успеавме втората најмоќна сила да застане позади нас и затоа велам дека Договорот е историски и 22 мај ќе остане запаметен во македонската историја и долго ќе се зборува за тој датум како датум за кој што Македонија со Велика Британија оствари партнерство и тоа партнерско е уникатно имајќи предвид дека никој друг во регионот нема потпишано таков Договор и тој носи голема, голема додадена вредност во себе”- потенцираше вицепремиерот Николоски.

За целиот процес кој е транспаретен тој додаде:

“ Критиката од опозицијата е добра, бидејќи ние решивме целиот процес да го водиме транспарентно за разлика од претходните времиња и претходни влади. Видовте дека ние Договорот го доставивме во Собрание целиот, не рековме дека е таен или е државна тајна. Гледате дека за секој чекор ја информираме јавноста и мислам дека тоа што опозицијата критикува им се враќа како бумеранг затоа што имаме целосни информации за јавноста за тоа што се случува”- рече Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Продолжен викенд – гужва на „Богородица“ и „Дојран“
Следна Статија Гувернерот Славески: Стабилноста на денарот останува цврста определба, банкарскиот систем е стабилен

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Ќе има нов пристап за сообраќајни прекршоци преку СМС известувања и камери на црни точки

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, беше гостин на трибина со наслов „Суштината на проблемот-Лоши закони или лоша примена?“, и…

February 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

По изборите ќе се занимавам со корупцијата во судството и обвинителството, вели Мицкоски

По локалните избори имам намера да се занимавам со корупцијата во судството и обвинителството, затоа што мора еднаш засекогаш да…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

11 кандидати ќе бидат поканети на интервју за изборот за судија во Стразбур, еве кои се на списокот

Комисијата за избор на кандидат на Република Северна Македонија за судија во Европскиот суд за човекови права, денеска, во полн…

October 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Путин го ослободи од должноста амбасадорот во Македонија, Баздникин

Рускиот претседател Владимир Путин издаде указ со кој го ослободи Сергеј Баздникин од функцијата амбасадор во Македонија. Да се ослободи…

December 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?