Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Пецаков ќе има историски најголема победа во Охрид, реализираше бројни проекти и покрај тоа што три години имаше опструкции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Николоски: Пецаков ќе има историски најголема победа во Охрид, реализираше бројни проекти и покрај тоа што три години имаше опструкции
ПОЛИТИКА

Николоски: Пецаков ќе има историски најголема победа во Охрид, реализираше бројни проекти и покрај тоа што три години имаше опструкции

Објавено October 13, 2025 09:07
Сподели
Сподели

,Во Охрид ќе имаме историски најголема победа на 19. октомври, Кирил Пецаков реализираше бројни проекти и е првиот градоначалник на општината што има далеку поголема поддршка за разлика од првиот пат кога бил избран“, истакна вчеравечер потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на средба со охриѓани.

,,Не е лесно во општина како Охрид, после 4 години да се застане со чист образ и да се побара уште четири години мандат, и притоа да се има резултати позади себе и да се има визија за иднината. Јас досега не можам да се сетам на градоначалник на општината кој што после завршувањето на мандатот, завршил без ниту една афера, без ниту еден скандал, со бројни реализирани проекти, со чист образ и со уште поголема поддршка отколку претходниот пат. Таков е Кирил Пецаков и затоа сум убеден дека ќе има историски најголема победа од било кој градоначалник што победил во Охрид“, рече Николоски.

Николоски се осврна и на потешкотиите со кои градоначалникот се соочуваше во првите три години од мандатот, кога беше мета на бројни опструкции од минатата влада предводена од СДСМ и ДУИ.

,,Првите години за градоначалникот беа многу, многу тешки. СДСМ соочена со пораз, не само што не помагаше, туку реално и одмагаше, не само во однос на проекти, не само во однос на автопатот Охрид-Кичево, туку и во однос на општината. Во такви услови, со три години влада на СДСМ и ДУИ, Кирил Пецаков, успеа да ја раздолжи општина Охрид, нешто што претходно беше мисловна именка за сите, и успеа да реализира бројни инфраструктурни проекти. Претходната влада секако не беше среќна со тоа, немаше недела или Финансова полиција, или обвинителство да не влезе во општината, мислејќи дека којзнае што ќе најдат, но кога работите чесно, нема што да се најде, и затоа после 4 години имаме градоначалник кој што има далеку поголема поддршка од тоа што имал првиот пат кога бил избран“, истакна Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ пред охриѓани го потенцираше и успехот на Владата околу изградбата на автопатот Охрид-Кичево, каде за година и три месеци се завршија 37км од 57км колку што треба да биде ова автопатско решение.

,,Како Влада се обидуваме да помагаме и да реализираме проекти максимално. Првата работа со која што се нафативме беше, би рекол почеток на работа на автопатот Охрид-Кичево, затоа што тоа беше заборавен, напуштен проект, проект на кој што немаше машини и работници, каде ништо не се случуваше. Иако бројни пријатели ме советуваа да не се зафаќам со оваа работа, мојата одлука беше дека прво ќе се занимаваме со овој проект, и еве сме на помалку од година дена откако беше избрана Владата, успеавме од 57км да завршиме 37км. Сукцесивно ќе продолжиме да ги пуштаме и останатите делови и до крајот на следната година, целиот автопат ќе биде завршен. Прв пат во историја на државата ќе завршиме нешто како што е предвидено во рок“, потенцираше Николоски.

Николоски истакна и дека активно се работи на автопатите Букојчани-Гостивар и Гостивар-Тетово, а веќе се пристигнати понуди за изградба на автопатот од Кичево до Букојчани, со што до крајот на 2028 година ќе се оствари деценискиот сон за целосно автопатско поврзување на Скопје со Охрид и Струга.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ се осврна и на реализираните проекти во изминатиот период, а најави и реализација на два големи инфраструктурни проекти за следната година, што се од огромно значење за Охридскиот регион.

,,Работевме и на Охрид-Св. Наум, целосно се рехабилитираше патот, а еве сакам да најавам уште два проекти кои што ќе ги работиме следната година. Првиот е рехабилитација на патот Битола-Ресен-Охрид и вториот е обиколница на Ресен со цел побрзо да се патува до Битола. Вториот голем проект е проектот кој што треба да значи автопатско поврзување на Охрид со Струга, односно делот од Подмоље до Струга и Струга-Дебар-Маврово, исто така целосна рехабилитација“, рече Николоски, кој побара масовна, референдумска излезеност и поддршка на престојните локални избори, со цел реализација на предвидените проекти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Албанија воведува привремена забрана за електрични тротинети
Следна Статија ЗНАМ: Разоткриени лагите и манипулациите на градоначалникот на СДСМ во Општина Центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Попов: Владеењето на СДС ги доведе младите во тотална апатија

Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува, Унија на млади сили“ гостуваше пратеникот и претседателот на Унија на млади сили, Сергеј Попов, кој…

June 6, 2025
ПОЛИТИКА

Кандидат на СДСМ со три кривични пријави повторно во „битка“ за Чешиново-Облешево

Кандиддатот за градоначалник на општина Чешиново-Облешево, предводена од Социјалдемократски сојуз на Македонија – СДСМ, Горанчо Крстев кој е во втора…

October 16, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Јавното здравство е во колапс, приватните болници му диктираат на министерот

„Нема лекови, се одложуваат операции, нема доктори, се затвораат клиники во интерес на приватните болници, кои му диктираат на министерот…

October 3, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ со ново предупредување: По Албанија и Косово, Македонија е следна дестинација во мигрантските планови на западните земји

СДСМ и денеска отвори прашањето за мигрантските договори за кои, според опозициската партија, деновиве известуваат повеќе европски и светски медиуми.…

December 10, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?