Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ЗНАМ: Разоткриени лагите и манипулациите на градоначалникот на СДСМ во Општина Центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > ЗНАМ: Разоткриени лагите и манипулациите на градоначалникот на СДСМ во Општина Центар
ПОЛИТИКА

ЗНАМ: Разоткриени лагите и манипулациите на градоначалникот на СДСМ во Општина Центар

Објавено October 13, 2025 09:35
Сподели
Сподели

Денес од лице место, овде во Крњево, ви разоткриваме уште една манипулација на актуелниот градоначалник на Општина Центар, кој всушност се обиде да продаде лажна приказна за „уредување“ и „подобрување на условите“ во населбата Крњево, изјави портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов.

Мемов потенцира дека: „Тој вчера изјави дека целосно ја расчистиле дивата депонија и дека на ова место ќе никне детско и спортско игралиште, зеленило и урбана опрема.

Но, фактите покажуваат сосема поинаква слика:

Локацијата која според Генералниот урбанистички план (ГУП) е локација предвидена за изградба на булевар „Крушевска Република“, а според Деталниот урбанистички план (ДУП), оваа зона е предвидена за сообраќајна инфраструктура, а не за урбана опрема и игралишта. Активностите се изведуваат без транспарентност, што го крши законот и урбанистичките норми.

Тоа што го гледаме денес не е пример за грижа кон жителите, туку пример за самоволие, злоупотреба, дивеење и грубо прекршување на правилата, потенцијално кривично дело. Тој што треба да ги спречи и руши дивоградбите, за кои алармиравме повеќе пати, сега е директен креатор и потенцијален извршител на истото“.

„Затоа оттука поставуваме директни прашања до актуелниот градоначалник Герасимовски:

1. Зошто најавивте градежни активности на оваа локација, дали за истото има проект и обезбедена градежна дозвола?

2. Зошто го лажете населението тврдејќи дека ќе се гради детско и спортско игралиште, кога според плановите тука треба да има сообраќајна инфраструктура?

3. Кои механизми на транспарентност и јавна отчетност сте ги примениле пред да започнете со градежните активности?

4. Дали граѓаните треба да веруваат на вашиот PR, или на документите и плановите кои јасно го покажуваат незаконското постапување?

Тоа што го гледаме денес не е пример за грижа кон жителите, туку пример за самоволие, злоупотреба и грубо прекршување на сите урбанистички норми“, изјави портпаролот на ЗНАМ, Никола Мемов.

Ова е класична слика за начинот на владеење на актуелниот градоначалник – со лаги, со манипулации и со обиди да се прикажат нелегални активности како „добри дела“. Граѓаните на Центар веќе видоа доволно и знаат дека зад секоја негова објава стои интерес, а не искрен труд, додаде Мемов.

На 19-ти октомври, ќе стават крај на ваквото самоволие и празните ветувања. Во недела, на 19-ти октомври ќе изберат човек кој навистина ќе работи во нивен интерес, ќе ги штити јавните простори и зеленилото и ќе ја врати човечката и достоинствената димензија на Центар, изјави портпаролот на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Мемов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Пецаков ќе има историски најголема победа во Охрид, реализираше бројни проекти и покрај тоа што три години имаше опструкции
Следна Статија Франција доби нова влада, Лекорну ветува дека ќе избегне политичка криза

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Димитриева: Време е за промени во Демир Капија

Наталија Димитриева, кандидат за градоначалник за општина Демир Капија од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати на денешниот настан одржан во…

October 25, 2025
ПОЛИТИКА

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште четири нови кандидати за градоначалници

Извршниот одбор на СДСМ утврди уште четири нови кандидати за градоначалници, ве вели во соопштението од СДСМ. Со одлука на…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Митески: Со топлификациона мрежа ќе го решиме загадувањето на воздухот во Аеродром

Од Горно Лисиче, го најавуваме проектот за изградба на 110 км топлификациона мрежа која ќе ги опфати населените места Долно…

October 6, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Она што Филипче го направи во Атина само не потсети дека кодошењето на сопствената земја не смее да се заборави

Ние сме новата надеж. Ние сме промена која не се плаши да се соочи со предизвиците, да ги поправи грешките…

June 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?