Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: „Пошта“ ќе добие 100 возила, наша цел е таа да расте и напредува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: „Пошта“ ќе добие 100 возила, наша цел е таа да расте и напредува
ЕКОНОМИЈА

Николоски: „Пошта“ ќе добие 100 возила, наша цел е таа да расте и напредува

Објавено December 24, 2025 11:46
Сподели
Сподели

Идниот месец „Македонска пошта“ ќе добие 100 возила како донација од Владата со кои ќе се подобрат условите за работа. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во обраќањето на 24-тиот јавен состанок на Агенцијата за пошти, истакна дека 90 ќе бидат помали комби возила, а 10 големи комби возила.

Николоски нагласи дека, секој треба да биде свесен дека како Влада имаат задача и крајна цел да го заштитат државниот капитал.

Во таа насока, Николоски најави законски измени и консултации со сите учесници на овој пазар, кои се во тек. Целта е да се подобрат условите за работа во „Македонска пошта“, да се подигне нивото на услуги кон граѓаните, но и да има раст и напредок на државната компанија.

-Многу е лесно да се земе делот од пазарот кој е профитабилен и кој одговара, а „Македонска пошта“ да има општествена одговорност, да писмото кое го праќам го однесе во услови кога никој друг тоа не го прави. Тоа е нешто за што ќе разговараме во наредниот период, затоа што не може состојбата да остане вака. Или сите подеднакво ќе го носат товарот, или ќе носиме други одлуки затоа што мојата намера е да се издигне „Пошта“, а не да пропаѓа, вели вицепремиерот.

Агенцијата за пошти, рече тој, има клучна улога во регулацијата во квалитетот на пазарот на поштенски услуги, каде обезбедува заштита на конкуренција и права на корисниците.

-Во моментов на пазарот работат 29 правни лица што значи дека се работи за пазар кој е конкурентен. Во постојниот закон се имплементирани сите директиви на Европската Унија со што Македонија во континуитет ја следи европската пракса за регулација на поштенскиот пазар на услуги, што мора да признаам, понекогаш создава сериозни главоболки, имајќи предвид дека ние сме Влада која сака да го штити државниот капитал и сака државните компании да напредуваат, истакна Николоски.

Тој најави дека ќе работат во насока на подобрување на ефикасноста на услугите со намалување на трошоците до 15 проценти, како и подобрување на индикаторите за профитабилност до 15 проценти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Златото и среброто со историски рекордна цена
Следна Статија Мицкоски на Форумот на повратници во државата: Вратите на Македонија се широко отворени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ЕasyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз од 2 април

ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми, објавува дека easyJet, втората по големина авиокомпанија за летови на кратки и средни релации…

January 24, 2025
ЕКОНОМИЈА

„Визер“ ги укина летовите од Скопје до Келн, Копенхаген и Стокхолм

Унгарската нискобуџетна авио-компанија „Визер“ укина три авиолинии од аеродромот во Скопје, до Келн, Копенхаген и Стокхолм, со стапување на сила…

October 29, 2024
ЕКОНОМИЈА

Претставници на Народната банка работеа на клучно истражување за македонската економија објавено од ММФ

Како резултат на заедничкиот проект на експерти од Народната банка и од Чешката централна банка, изготвен е работен материјал, под…

October 11, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски и Али Рашед Лута: Да ја продлабочиме нашата соработка

Денес во Владата се одржа работна средба на која присуствуваше претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, претставници од…

September 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?