Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: По локалните избори ќе нема предвремени парламентарни, туку расчистување во судството и обвинителството
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: По локалните избори ќе нема предвремени парламентарни, туку расчистување во судството и обвинителството
МАКЕДОНИЈА

Николоски: По локалните избори ќе нема предвремени парламентарни, туку расчистување во судството и обвинителството

Објавено October 15, 2025 13:41
Сподели
Сподели

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски вели дека по  локалните избори нема да се одржат предвремени парламентарни избори и најавува дека фокусот ќе биде на, како што изјави, расчистување во судството и обвинителството и одговорност од сите што ја злоупотребиле власта од власта т.н црна коалиција на „СДСМ, ДУИ и Левица“.

Предвремени избори ќе нема, имаме стабилна коалициска влада, која функционира одлично, изјави денеска Николоски, при посетата на Гостивар во рамки на кампањата за локалните избори.

Според Николоски, мандатот на владата ќе биде до 2028 година и тогаш ќе бидат и следните парламентарни избори.

– Разликата помеѓу нас и црната коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица е што ние зборуваме за проекти, не можеме да се доискажеме колку проекти имаме, а од другата страна има празни зборови и манипулација и постојана жед и желба за власт. Минатата година отидоа во опозиција, само една година и три месеци се поминати откако се во опзиција и не можат да додржат да останат во опозиција и цело време – предвремени избори, предвремени избори. Кога некој толку многу бара предвремени избори тоа значи дека него го интерасираат само привилегиите од власта, а овие ги интересира и криминалот од власта, рече Николоски.   

Нема, дополни, да се занимаваме со предвремени избори, туку со расчистување во судството и обвинителството и сите кои ја злоупотребија власта од т.н црна коалиција на СДСМ, ДУИ и Левица ќе одговараат по завршување на овие избори. – Тоа е фокус број еден по завршување на изборите, нагласи Николоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Економската состојба во државата е алармантна, буџетската дупка ќе биде 1,4 милијарда евра на крајот на годината
Следна Статија Откриена царинска измама со додатоци на храна во висина од 622 илјади денари: стоката ја пријавувале во погрешна тарифна ознака со пониски царински давачки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Сакаме да бидеме членки на ЕУ, но не по секоја цена

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во „Само Интервју“ на телевизија Канал 5, се осврна околу блокадите од страна на Бугарија…

July 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Разрешувањето на Државниот обвинител Коцевски денеска пред пратениците

На пленарна пленарна собраниска седница се очекува да биде ставен предлогот на Владата за разрешување на државниот јавен обвинител Љупчо…

December 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Тројца пациенти денеска се враќаат од Шведска и Грција

Министерството за здравство информира дека тројца пациенти од повредените лица од пожарот во Кочани се враќаат во земјава, од кои…

April 2, 2025
BlogЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Викендов стапува на сила Законот за нефер трговски практики, се очекува намалување на цените на околу 2.500 производи

Од утре стапува на сила Законот за нефер трговски практики во синџирот на снабдување на земјоделски и прехранбени производи кој…

September 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?