Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Работиме на децениски предизвик – сите населени места од Општина Брвеница со директен излез на автопатот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Николоски: Работиме на децениски предизвик – сите населени места од Општина Брвеница со директен излез на автопатот
ПОЛИТИКА

Николоски: Работиме на децениски предизвик – сите населени места од Општина Брвеница со директен излез на автопатот

Објавено October 30, 2025 20:58
Сподели
Сподели

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски вечерва во Општина Брвеница го посети кандидатот за градоначалник Јовица Илиевски, кој е кандидат за втор мандат.

Николоски потсети дека сите средства кои Илиевски ги добил со таканаречениот „Унгарски кредит“ се реализирани, а најави дека Општината Брвеница ќе спроведува уште десетина проекти од вториот повик за инвестиции во инфраструктурата.

Тие ја посетија улицата „Браќа Јаниќ“ која се реконструира со вложување на 9,8 милиони денари. Воедно Николоски потсети дека се работи на деценискиот предизвик – сите населени места од Општина Брвеница да добијат директен излез на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје.

– Драго ми е што цела нова населба се развива околу лицата и драго ми е што Општина Брвеница расте. Луѓе доаѓаат и се доселуваат тука. Исто така она што можам да го најавам е дека по насока на Владата и министерството за транспорт, Јавното претпријатие за државни патишта работи на нешто што беше децениско барање на жителите на Општина Брвеница, а тоа е клучката којашто ќе ја приклучува општината директно на автопатот. Знаете дека сега од една страна има влез од другата страна нема влез, така што тие целосно решение коешто ќе овозможи директен излез на автопат на сите населени места коишто ќе бираат кон општината, кажа градоначалникот дека од првиот повик сите средства се искористени, рече Николоски.

Тој посети дека Општина Брвеница под раководство на Јовица Илиевски обезбеди 60 милиони денари за десетина капитални инвестиции со вториот повик од „Унгарскиот кредит“.

– Се работи за исклучително успешен градоначалник, човек којшто целосно ја трансформира општината. Свесен сум дека неговите опоненти заради тоа се нервозни. Свесен сум дека има сериозна нервоза кај неговиот противкандидат затоа што нема што да каже и не може да се пофали ниту со дела, ниту со проекти, ниту нешто оставил зад себе. И затоа оди на национализам. Тој национализам нема да помине и градоначалникот ќе добие и втор мандат тука, а во вториот мандат првиот состанок ќе му е со мене. Имаме резервирано дополнителни средства во министерството за транспорт и најавувам дека за Општина Брвеница ќе има специјален буџет, рече Николоски.

Градоначалникот Јовица Илиевски рече дека несебичната поддршка од Владата и министерството со овие проекти кои ги добиле е од голема помош како за мала рурална средина.

– Ова е огромна помош и јас верувам дека сум поддршка на владата и на министерот ќе продолжиме. Денес сме на улица „Браќа Јаниќ“, утре почнува да се асфалтира и улица „Вардарска“ во Брвеница, Долно Маало во Челопек, во Теново улица кај стадионот. Од вториот повик, значи околу 70% сме почнати со изведување на улици, ни останува „Браќа Стефановиќ тука во Брвеница, две улици во Челопек и една во Милетино, рече Илиевски.

Тој потсети дека со првиот повик од „Унгарскиот кредит“ се инвестирани вкупно околу 40 милиони денари за повеќе проекти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево кое ќе биде симбол на соживот, а не на поделби
Следна Статија Ингеренциите за разрешување и назначување директори во претпријатијата ги има исклучиво Арсовска – велат од УО на „Комунална хигиена“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Поранешната прва антикорупционерка во трка за градоначалник на Центар

Граѓанските иницијативи од Платформата „Независни заедно“ денеска објавија дека поранешната претседателка на Антикорупциската комисија, Билјана Ивановска, ќе биде независна кандидатка…

August 13, 2025
ПОЛИТИКА

До 15:30 часот гласале 5 385 болни или немоќни лица и 810 кои издржуваат казна затвор или притвор

Непречено и без никакви проблеми и недоследности се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување…

October 18, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Има над 80 кривични пријави во фиоките на обвинителството, а за кои клучот е некаде на Бихаќка, СДСМ нема да се толку гласни кога ќе се соочат со законот

Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, имаше свое обраќање на денешниот народен митинг одржан во општина Бутел, во рамки на изборната…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Мицкоски: Се сретнав со Касами

Билал Касами почна да ги праќа вистинските пораки кои прилегаат на еден градоначалник, изјави премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ…

October 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?