Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Раст на туризмот, новите 11 авиолинии веќе го даваат својот ефект
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Раст на туризмот, новите 11 авиолинии веќе го даваат својот ефект
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Раст на туризмот, новите 11 авиолинии веќе го даваат својот ефект

Објавено July 30, 2025 10:49
Сподели
Сподели

Воведните 11 нови авиолинии во изминатите девет месеци веќе го даваат својот ефект во туризмот, вели вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во гостување во емисијата „Здраво Македонијо“ на ТВ Канал 5.

Николоски истакна дека зголемувањето на бројот на туристи е резултат на поддршката на чартер летови и промените на политиката за субвенции, за патници за доаѓање, наместо за патници во заминување.

Како што наведе тој, во мај годинава во однос на мај минатата година има 101.000 туристи повеќе, при што број еден дестинација е Скопје затоа што трендовите на туризам се менуваат – број еден туристичка дестинација се главните градови, број два е Охрид, па останатите места.

– Има зголемување за 20 проценти споредено со минатата година. Тоа е резултат на две политики, едната на поддршка на чартер летови. На Скопскиот аеродром слетува дневно по еден авион со туристи од Германија, Франција и од Англија, по двесте туристи секој ден. Од октомври ќе бидат два авиона кои ќе слетуваат на Охридскиот аеродром и дневно ќе бидат 400. Дополнително на тоа е чартерот од Манчестер. За само девет месеци отворивме 11 нови авионски линии, што секако имаат ефект затоа што ја променивме политиката на субвенции, сега имаме субвенции за патници кои доаѓаат. Политиката на субвенциите е да поддржите повеќе луѓе да доаѓаат, а не да заминуваат. Директите летови менуваат многу, се отворија дестинации кон Скопје и кон Охрид кои ги немаше претходно и овие 11 авиолинии веќе го даваат своето и го даваат ефектот – рече Николоски.

Тој сподели дека одморот ќе го помине во Охрид со семејството. Имаме многу активности летово, со одличен прогрес, нема многу време за одмор и мојот ќе биде пократок, ќе бидам со семејството во Охрид, додаде Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Земјотресот во Камчатка силен како 15.800 атомски бомби фрлени врз Хирошима
Следна Статија Скопјанецот кој совлада терорист на летот Лондон-Глазгов, не се смета себеси за херој

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Златото прв пат над 3.800 долари

Цената на златото се искачи на рекордни 3.800 долари за унца, а скапоцените метали пораснаа, поттикнати од послабиот долар, бидејќи…

September 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Најмалку десет нови дестинации преку двата аеродрома, нови инвестиции во железницата

Најмалку десет нови дестинции преку двата аеродрома, во Скопје и во Охрид, како и силен инвестициски циклус во железницата, најави…

October 3, 2024
ЕКОНОМИЈА

СоФи планира да подигне 1,5 милијарди долари: Финансиска стратегија за раст

Финтех компанијата СоФи објавува план за проширување на капиталот, нагласувајќи ја нејзината развојна динамика

December 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

ВЛАДАТА ПЛАНИРА МЕРКИ ЗА ЦЕНИТЕ Ќе ги активира зависно од триковите на трговците

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се следи состојбата со цените и најавува дека ќе се преземат мерки доколку има непринципиелни…

June 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?