Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека ќе има притисок врз Бугарија да не нè блокира
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека ќе има притисок врз Бугарија да не нè блокира
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Се надевам во новиот бран на оптимизам за проширување дека ќе има притисок врз Бугарија да не нè блокира

Објавено November 28, 2025 09:13
Сподели
Сподели

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија, истакна дека партијата останува на ставот дека нема да прифати уставни измени под бугарски диктат, потенцирајќи дека Бугарија не ги применува пресудите од Стразбур и дека Македонија очекува нивна имплементација и признавање на македонско малцинство.

Ние сме кажале, а тоа е дека не прифаќаме уставни измени под бугарски диктат и јасно сме кажале кои се нашите очекувања, дали се тие поврзани со историскиот и политички континуитет на македонскиот народ, дали се поврзани со засебноста на македонскиот јазик, многу јасно сме ги кажале работите дека Бугарија не ги применува пресудите на Европскиот суд за човекови права од Стразбур, дека бараме да ги примени, јасно сме кажале дека бараме да признае македонско малцинство кое што би бил дел од Советот на национални малцинства којшто го има Бугарија, јасни се нашите позиции, вели Николоски.

Според него, во Европската Унија постои нов бран на оптимизам за проширување, а неколку поголеми земји-членки се подготвени да го поддржат процесот.

Се надевам дека нели сега има нов бран на оптимизам којшто се шири во однос на проширувањето дека неколку поголеми и помоќни земји на ЕУ, ќе се согласат на проширување, и ако се согласат на проширување ќе извршат притисок врз Бугарија да не не блокира, рече Николоски.

Тој истакна дека е единствениот министер од оваа Влада којшто потпишал меѓудржавен договор со Бугарија, како што е договорот за изградба на заеднички тунел, потенцирајќи дека се очекува со почетокот на градежната сезона тој да биде воведен во работа.

Се обидуваме да ја забрзаме втората фаза, иако за жал тоа е наследено од претходната влада многу лош изведувач, се обидуваме да ја забрзаме, очекувам на почетокот на следната недела да излезе првиот од трите документи тоа е информацијата за спроведување на тендер затоа што одиме по правила на Европската инвестициска банка, после тоа ќе излезе претквалификација, па квалификација за надзор и најдоцна јануари дека ќе излезе и тендер за изведувач. Се надевам дека со почетокот на новата градежна сезона ќе може да биде воведен во работа, истакна Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија HP му дава на Amazon илјадници лаптопи, сега 128GB моделот е поевтин од буџетните Chromebook-ови
Следна Статија Нвидиа им одговара на критичарите со меморандум до аналитичарите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Гордан Георгиев: Јас денар не би му дал на Град Скопје и на оваа градоначалничка

Универзитетскиот професор и поранешен потпретседател на СДСМ, Гордан Георгиев, во гостување на ТВ21 ја коментираше темата околу распределбата на парите…

October 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Кирков: Директорот на Зоолошка да си поднесе оставка, умираат животни под сомнителни околности

Скопската Зоолошка градина во Скопје последниве три години е место каде умираат животни во сомнителни околности. Зоолошката е веќе позната…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Со 2,5 милиони денари интервентно ќе се заштитува Македониумот, а странски експерти ќе работат на трајна заштита

Обезбеден е проект за интервентна заштита на споменикот „Македоумиум“ во вредност од 2,5 милиони денари што ќе биде реализиран до…

September 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет

Македонскиот јазик не е само средство за комуникација, туку жива историја, длабока емоција и идентитет што го носиме во секој…

February 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?