Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Се работи на целосно автопатско поврзување на Битола-Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Се работи на целосно автопатско поврзување на Битола-Скопје
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Се работи на целосно автопатско поврзување на Битола-Скопје

Објавено August 24, 2025 13:09
Сподели
Сподели

На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати министерот за транспорт Александар Николоски.

Николоски истакна дека во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта се работи на целосно автопатско поврзување на Битола со Скопје, кое би било готово во периодот 2028-2029 година со што позитивно ќе влијание на бизнис климата во Битола.

Во моментов работиме заедно со директорот на јавното претпријатие за државни патишта еден огромен проект, целосно автопатско поврзување на Битола со Скопје и секако со Грција. Тоа ќе значи дека некаде 2028-2029 година ќе има целокупно или автопатско решение или експресен пат од Скопје до Битола на еден супер модерен, брз но во исто време и безбеден начин, ќе се патува за едни пријатни час и 30 минути, што целосно ќе ја смени и бизнис климата во Битола но и начинот на функционирање што тоа ќе значи и за целиот регион“, рече Николоски.

Николоски исто така рече дека во Штип се работи на урбанизација во делот на бања Кежовица како и изградба на вештачко езеро со цел подобрување на туризмот во Штип.

Во однос на Штип, многу работиме во делот на туризмот 2 големи проекти заедно со градоначалникот работиме на урбанизација во делот на бањата Кежовица, и се она што може да е таму како потенцијал и секако изградбата на првото вештачко туристичко езеро коешто се работи над Штип, коешто исто така го работиме“, објасни Николоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Светна кулата на Водно – два и пол пати поголема од Крстот, внатре ќе има ротирачки ресторан
Следна Статија Инфлацијата на кандидати може да ги поскапи изборите

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во денови на жалост во Македонија, екс министерката за култура бара да оди на платено службено патување

Иако македонската делегација го откажа своето учествува на редовната априлска сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, поради големата…

March 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Еден од повредените раскажа детали за кобната ноќ во Кочани (ВИДЕО)

Роберт Божинов, еден од повредените во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, пред камерата на „Супорт Кочани“ раскажа што…

April 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

„Безбеден град“ стартува од 1 јануари, еве од кога почнува пробниот период

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за МИА, меѓудругото, говореше и за проектот „Безбеден град“, кој почнува со…

September 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Подобра заштита за деца и преживеани од родово базирано насилство

Новореновирана и целосно опремена соба за интервју погодна за деца и по мерка на жртви беше отворена во Секторот за…

November 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?