Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Скопскиот аеродром со три милиони патници, станува центар во регионот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Скопскиот аеродром со три милиони патници, станува центар во регионот
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Скопскиот аеродром со три милиони патници, станува центар во регионот

Објавено December 12, 2025 14:22
Сподели
Сподели

Три милиони патници на Скопскиот аеродром е историја, нешто што се случува првпат во Македонија, изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски кој со раковдоството на ТАВ Македонија присуствуваше на свеченоста на аеродромот за испраќање на три милионитиот патник.

Николоски оцени дека Меѓународниот аеродром Скопје станува центар за регионот.

Драго ми е што ова прекрасно семејство што денеска патува до Бари ја имаше среќата да биде три милиониот патник на Скопскиот аеродром. Ако споредиме со нешто што се случуваше пред 10, 20 и 30 години ова било незамисливо, Скопскиот аеродром веќе станува центар за целиот регион – рече Николоски на прес-конференција.

Од септември лани досега има 21 нова дестинација до Скопскиот и до Охридскиот аеродром, што рече Николоски, многу говори за нашата посветеност за привлекување нови авиолинии и ова се најмногу нови дестинации што ги вовела која било држава во регонот. Затоа не се случајни бројките и не случајно Скопскиот аеродром ќе заврши со 3,2 милиони патници, а Охридскиот со над 300.000 и ќе имаме над 3,5 милиони патници до крајот на годинава, посочи Николоски.

Годинава, дополни, имаме континуиран раст, кој во ноември достигна 25 проценти споредено со ноември лани, што значи дека за една четвртина е зголемен бројот на патници што патуваат од македонските аеродроми.

Овие резултати, посочи министерот, се проследени и со зголемување на бројот на туристите, развој на бизнисот.

Николоски најави дека од 6 април следната година стартуваат авиолините Скопје-Наполи и Скопје-Будимшпешта, а од 28 јуни Охрид-Катовице, Охрид-Вроцлав, Охрид-Милано, а ќе стартува и редовната линија Охрид-Виена на Аустријан ерлајнс.

Со сите нови линии и активности Николоски рече дека се надева оти следната година во овој период ќе има 3,5 милиони патници на Скопскиот аеродром.

Раководството на аеродромскиот оператор приреди изненадување за три милионитиот патник – Милена Таскова која доби бесплатни аеродромски услуги од сестринските компани на ТАВ и два бесплатни билета од Виз Ер.

Го достигнавме три милиониот патник во една година, патничка која првпат лета за Бари и посакав среќа на неа и нејзиното семејство – изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николовски: Измените на Законот за ДДВ коректни за бизнисот и граѓаните, никого нема да „удрат по џеб“
Следна Статија Мицкоски: Владата нема ингеренции да се меша во изборот на членови на Судскиот совет доколку кандидатите ги исполнуваат законските услови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Цената на парното останува иста

Не се менува цената на топлинската енергија – одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со…

July 30, 2025
ЕКОНОМИЈА

Девизните резерви во октомври зголемени за 568,9 милиони евра

Девизните резерви на крајот на октомври годинава изнесувале 4.975,6 милиони евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за…

November 8, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Имаме над 27 проценти повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период лани

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од откупот на земјоделски производи, кој како што истакна постојано се зголемува, бидејќи колку повеќе…

August 29, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски и Али Рашед Лута: Да ја продлабочиме нашата соработка

Денес во Владата се одржа работна средба на која присуствуваше претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски, претставници од…

September 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?