Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Со железничката обиколница Македонија ќе биде поатрактивна за карго сообраќај
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Со железничката обиколница Македонија ќе биде поатрактивна за карго сообраќај
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со железничката обиколница Македонија ќе биде поатрактивна за карго сообраќај

Објавено July 9, 2026 11:33
Сподели
Сподели

Заменик-претседателот на владата и министер за транспорт, Александар Николоски денеска оствари работна посета во општина Гевгелија. Тој одговараше на новинарски прашања со оглед на тоа дека е завршена пругата од Илинден до Драчево и што ќе придонесе за транспортот и за Коридорот 10.

– Ќе значи многу за движењето на коридор 10 и тоа првин од еколошки аспект. Видов коментари дека не влегувале карго возовите во Скопје и тоа е делумно точно и тоа пред 30-40 години кога првпат била изградена оваа обиколница тоа било така. Но, со девастирањето и со пропаѓањето кое што го направија СДСМ во неколку нивни влади на државата за жал овок Коридор не се користеше. Ние решивме и се зафативме да целосно го реконструираме заедно со ЈП Железници и инфраструктура каде сакам да се заблагодарам за поддршката и работата на директорот Синиша Ивановски и на целокупниот негов тим. И, во рекордно време се заврши карго обиколницата на Скопје со што веќе товарните возови нема веќе да поминуваат низ центарот на градот.

Вицепремиерот Николоски истсакна дека тоа е од големо значење од еколошки аспект и временски пократок период.

– Со тоа Македонија ќе биде поатрактивна за карго сообраќај. Тоа е добро и за Гевгелија затоа што Коридорот 10 поминува токму тука низ градов и уште еден проект кој заеднички го сработивме, многу ќе помогне и за Гевгелија, тоа е дека воведовме „ONE STOP SHOP“ на железничката граница помеѓу Македонија и Грција, додаде вицепремиерот Николоски.

Заменик-претседателот на владата Николоски истакна дека се равоти и на заеднички граничен премин и со Србија, што дополнително ќе го забрза транспортот.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали под почитување на меѓународното право Кос мисли на пресудите во Стразбур против Бугарија?
Следна Статија Ревизијата откри слабости: Агенцијата за вработување работела недомаќински

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Извозот во овој квартал се стабилизира, постои силен предизвик со кризата во автомобилската индустрија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција информираше дека се согласува оти нашата земја треба да има поголем извоз, отколку увоз.…

June 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

МЖ Транспорт продолжува непречено да работи, проблемите надминати, платата исплатена

Железничкиот сообраќај во државава од попладнево се нормализира целосно откако по делумниот бојкот во кој стапи вчера дел од машинскиот…

January 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Девет милиони евра инвестирaме во Вeлес во проекти за инфраструктура

Владата, преку Министерството за транспорт инвестира околу 9 милиони евра во инфраструктурниот развој на Велес, истакна заменик-претседателот на Владата и…

July 20, 2026
ЕКОНОМИЈА

Работодавачите и работниците да се усогласат околу минималната плата, Владата ќе прифати, вели Мицкоски

Се уште трае седницата на Економско социјалниот совет (ЕСС) и таму има два партнера, работодавачите и работниците. Тие треба да…

December 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?