Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ревизијата откри слабости: Агенцијата за вработување работела недомаќински
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ревизијата откри слабости: Агенцијата за вработување работела недомаќински
ЕКОНОМИЈА

Ревизијата откри слабости: Агенцијата за вработување работела недомаќински

Објавено July 9, 2026 12:10
Сподели
Сподели

Државниот завод за ревизија (ДЗР) утврдил низа неправилности во работењето на Агенцијата за вработување на Република Македонија (АВРСМ) за 2024 година, меѓу кои нерамномерна распределба на средствата за активните мерки за вработување, слабости во контролите и недоследности при исплатата на надоместоци за невработени.

Според ревизорскиот извештај, за активните мерки за вработување во 2024 година биле исплатени 1,44 милијарди денари, односно околу 23,4 милиони евра, но при распределбата не бил обезбеден принципот на рамномерен регионален развој.

Најголем дел од средствата кај одредени мерки биле концентрирани во неколку центри за вработување. Така, 62,05 отсто од средствата за мерката самовработување биле реализирани преку центри во пет градови, додека кај субвенционирањето плати и мерката за вработување и раст на правни субјекти најголемиот дел од средствата биле насочени кон Скопје, Тетово, Струга, Куманово и Пробиштип.

Ревизорите изразиле мислење со резерва за реалноста и објективноста на финансиските извештаи на АВРСМ, како и неповолно мислење за усогласеноста на работењето со законската регулатива, упатствата и воспоставените политики.

Во 2024 година преку АВРСМ биле исплатени околу 1,33 милијарди денари за паричен надоместок во случај на невработеност, што претставува 40,6 проценти од вкупните расходи на институцијата. Исплатите биле зголемени за 27,13 отсто во однос на претходната година.

ДЗР утврдил слабости во постапките за остварување на правото на надоместок, вклучително и некомплетна документација, отсуство на електронска размена на податоци со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, како и отстапувања при пресметката на висината на надоместокот.

Според ревизорите, најголем дел од исплатите за невработеност, односно 67,91 отсто, се однесувале на престанок на работен однос на определено време. Биле забележани и случаи со договори склучени на само неколку дена, продолжување на договори над законскиот максимум и повторно вработување кај исти работодавачи по користење на правото на надоместок.

Ревизијата покажала слабости и во системот на мониторинг и контрола на доделените средства, поради недоволно развиени процедури, ретки теренски проверки и нецелосна документација, што создава ризик од ненаменско користење на средствата.

Како пример, за мерката обука за стекнување напредни ИТ-вештини биле исплатени околу 85,8 милиони денари, но од 735 кандидати само 184 успешно го положиле завршниот испит.

ДЗР констатирал и неправилности во исплатите за адвокатски услуги, вештачења и судски такси, за кои во дел од случаите немало целосна документација или соодветни контроли.

Ревизорите укажуваат и дека посебниот фонд за вработување на инвалидни лица не ги добива сите средства што му следуваат согласно законските одредби.

За надминување на утврдените слабости, ДЗР доставил препораки до надлежните институции за подобрување на контролите, распределбата на средствата и законската регулатива.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Николоски: Со железничката обиколница Македонија ќе биде поатрактивна за карго сообраќај
Следна Статија Николоски: Со новата карго – железничка обиколница во Скопје добиваме еколошки бенефит, но и забрзување на Коридорот 10

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Николоски: Тежок криминал се правело со автопатот Скопје-Блаце

Техничкиот консултант, компанијата “Суес” која била избрана како техничка подршка во изведба на автопатот Скопје – Блаце преку писма го…

October 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Приходите и расходите во Буџетот за 2024 година се реализирани на ниво над 96%, што е согласно со планираното во…

January 13, 2025
ЕКОНОМИЈА

Трговците вадат нови производи, сакаат да ја „прескокнат“ Одлуката за маржите, ДПИ најавува строги казни

Маркетите за многу краток период извадија нови производи само за да ја избегнат Одлуката за ограничување на маржите. Се обидуваат…

October 5, 2024
ЕКОНОМИЈА

Синдикалната минимална кошница во декември 65 492 денари

Вредноста на синдикалната минимална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) за декември годинава изнесува 65.492 денари…

December 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?