Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Со новите пет локомотиви и постојните четири, целосно ќе се покрие карго-превозот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Николоски: Со новите пет локомотиви и постојните четири, целосно ќе се покрие карго-превозот
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Со новите пет локомотиви и постојните четири, целосно ќе се покрие карго-превозот

Објавено December 30, 2025 17:20
Сподели
Сподели

Со новата флота од пет локомотиви и постојните четири понови, ќе располагаме со девет модерни локомотиви кои ќе можат целосно да го покријат карго-превозот, рече денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски пред потпишувањето на Договорот за заем со ЕБОР вреден 20,9 милиони евра наменет за модернизација на ЖРСМ Транспорт.

Според него, ова е особено важно за Коридорот 10 кој треба да бележи раст во наредните години, како и за Коридорот 8 што моментно Македонија интензивно го развива преку значајни инвестиции во железничката инфраструктура.

-Истовремено, оваа инвестиција е дел и од пошироката визија за Скопје – подобрување на квалитетот на воздухот преку воведување на градскиот воз. Во моментов се работи на една од трите линии во делот на инфраструктурата, а во следните две години ќе се работи и на преостанатите две. Кога целиот проект ќе биде завршен, по тие линии ќе сообраќаат исклучиво електрични возови, со јасна цел – целосно да се елиминира употребата на дизел локомотиви и дизел возови во главниот град и да се придонесе за подобар квалитет на воздухот. На крај, би сакала да се заблагодарам уште еднаш. Сега влегуваме во потешкиот, но клучен дел – успешно спроведување на набавката. Се надевам дека до март, во соработка со ЕБРД, ќе успееме да го објавиме повикот и потоа успешно да ја реализираме испораката на новите локомотиви, нагласи Николоски.

Денешното потпишување на Договорот, оцени, е можност за заокружување на еден исклучително важен процес што ќе значи набавка на најмалку пет нови електрични локомотиви, заедно со пропратни резервни делови.

-Ова е навистина голем чекор напред за Железници за транспорт – и во делот на карго-превозот и во патничкиот сообраќај. Сите се сеќаваме дека минатата година, во моментот на формирање на Владата, состојбата беше исклучително тешка. Имавме нула оперативни локомотиви – практично железничкиот транспорт беше парализиран, а бројни композиции стоеја на македонските пруги бидејќи немаше со што да се оперира. Со интензивна работа и со поддршка од претседателот на Владата, успеавме во текот на минатата година да ставиме во функција пет локомотиви, а денес веќе имаме над 11 функционални локомотиви. Со тоа целосно се менува сликата за железничкиот транспорт во државата. Во таа насока, набавката на овие пет нови електрични локомотиви ќе има суштинско значење за зголемување на карго-транспортот. Од постојните 11 локомотиви, четири се понови, а седум се постари. Со новата флота од пет локомотиви и постојните четири понови, ќе располагаме со девет модерни локомотиви кои ќе можат целосно да го покријат карго-превозот, а дел од нив да се користат и во патничкиот сообраќај, истакна вицепремиерот.

На потпишувањето на Договорот со ЕБОР во Владата се обратија и премиерот Христијан Мицкоски, како и министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Владата го усвои Предлог законот за јавно обвинителство
Следна Статија СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Државата му должи на ЕВН 60 милиони евра, 3 години не е платен денар на име субвенционирана струја

Министерката за енергетика Сања Божиновска на денешната прес-конференција кажа дека ЕСМ е во многу лоша состојба и ќе бидат потребни…

October 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

Бројот на производите во новогодишната кошничка може да надмине 800

Секојдневно расте бројот на производите кои ќе бидат опфатени со новогодишната кошничка. Досега се 713, а се очекува да надмине…

December 7, 2024
ЕКОНОМИЈА

Од 1 март започнува примена на засилена автентикација при електронски плаќања

Македонската банкарска асоцијација ја информира јавноста дека согласно Законот за платежни услуги и платни системи, со кој во националното законодавство…

February 17, 2026
ЕКОНОМИЈА

Britanska брендот за снегулки Graze ќе биде продаден на Candy Kittens на Џејми Лајнг

Договорот доаѓа додека Unilever планира да се ослободи од некои прехранбени брендови за да се фокусира на нега и убавина.

December 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?