Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Николоски: Средбите со премиерот Стармер и приемот кај кралот Чарлс ја носи Македонија на повисоко ниво во односите со Велика Британија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Николоски: Средбите со премиерот Стармер и приемот кај кралот Чарлс ја носи Македонија на повисоко ниво во односите со Велика Британија
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Средбите со премиерот Стармер и приемот кај кралот Чарлс ја носи Македонија на повисоко ниво во односите со Велика Британија

Објавено October 24, 2025 12:28
Сподели
Сподели

Македонија го имаше ексклузивитетот да има посебна билатерална агенда во рамки на Самитот на Берлинскиот процес што се одржа во Лондон. Покрај тет-а-тет средбите со премиерот Стармер, билатералните средби со министрите во Владата, имавме чест да бидеме примени од страна на кралот Чарлс, а честа за Македонија е уште поголема, бидејќи имаше и двајца уметници од државата кои исто така беа примени од кралот, вели вицепрeмиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски.

Во гостувањето на Радио Лидер, Николоски напомена дека ова ги подигнува односите меѓу двете држави на уште повисоко ниво.

– Имавме големa чест покрај сите држави кои учествуваа на Берлинскиот процес, да имаме дводневна засилена билатерална агенда. Остваривме средба со министерот за економија и трговија со чиј ресор го потпишавме Договорот Влада со Влада. Тој е искусен министер, дел е од кралското семејство има и кралска титула, инаку беше министер за европски прашања на Велика Британија која Македонија требаше прв пат да ги почне преговорите.  Потоа имавме средби со УКЕФ, со Министерството за финаниси, а клучната средба ја имаше премиерот Мицкоски  со премиерот Стармер, имаше два разговора со него, една тет-а-тет средба и втора неформална средба. Понатаму, имавме средба со министерката за надворешни работи и најзначајното, премиерот Мицкоски и јас да добиеме покани од Кралот Чарлс. Не се случува тоа често во историјата на оваа држава. Прв пат македонски премиер е поканет на прием во официјалната резиденција на Монархот на Велика Британија. Тоа беше голема чест, пред се за премиерот Мицкоски и лично за мене. Она што ми е драго имаше неколку уметници од Блаканот, од тројца уметници, двајца беа од Македонија и тоа беа самостојни покани и тие не беа во делегацијата на Владата, истакна вицепремиерот Николоски.

Тоа, според него, е нешто што останува во историјата и што ја носи Македонија на повисоко ниво во билатералните односи со Велика Британија.

-Тоа е нешто што останува за историја и ја носи Македонија на едно ниво со оваа мудра и конструктивна политика која ја води оваа Влада и ова е продолжение на она што го почнавме во мај месец,  средбите со премиерот Стармер и Договорот што го потпишавме Влада со Влада за стратешко партнерско и тоа ја носи Македонија во една друга димензија и тоа е нешто што граѓаните ќе го видат бенефитот во годините што следат, рече Николоски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Почнува зимскиот ред на летање, 10 нови дестинации
Следна Статија Ѓорѓиевски најавува нови содржини на Скупи, Кале и Аквадуктот – Еве како ќе изгледаат (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за последната теренска анкета на ИПСОС направена за партијата: Довербата на граѓаните не обврзува на резултати

„Ние како политичка партија генерално најмалку 2 пати, а некогаш и 3 пати месечно го мериме јавното мислење. Најмалку еднаш…

December 29, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Не сум за нови црвени линии, јас сум за договор дома

Не сум за нови црвени линии, јас сум за договор дома. Ако одиме надвор со консензус, тогаш ќе не почитуваат,…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Младите хемичари освоија сребро и бронза на светската олимпијада во Дубаи

По еден сребрен и бронзен медал и пофалница освоија младите хемичари за Македонија на 57. Меѓународна хемиска олимпијада (IChO 2025)…

July 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Агелер до судиите: Ова е навистина клучен момент за Уставниот суд и судството, запамете за кого работите и зошто сте поставени тука

Ова е навистина клучен момент не само за Уставниот суд туку и за вашите колеги насекаде во судството, и најважно,…

April 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?