Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Не сум за нови црвени линии, јас сум за договор дома
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Не сум за нови црвени линии, јас сум за договор дома
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Не сум за нови црвени линии, јас сум за договор дома

Објавено October 1, 2025 08:16
Сподели
Сподели

Не сум за нови црвени линии, јас сум за договор дома. Ако одиме надвор со консензус, тогаш ќе не почитуваат, изјави претседателката Гордана Сиљановска Давкова, коментирајќи ја предлог-резолуција што ја претстави лидерот на СДСМ Венко Филипче за европските интеграции со „црвени линии“.

Веќе нема црвени линии, линиите се веќе прегазени или избришани со гума. Она што требаше ние да го сториме, бидејќи ова не е веќе некој нов предлог пред него имало неколку декларации една од нив направена и со помош на МАНУ. Очекував и се израдував ама за многу кусо време дека ќе седнат лидерите на партиите, седнаа, ги закопаа секирите, и јас мислев тоа е оној моментумот политички кога ќе одат заедно во Брисел и ќе речат – видете ние веќе не знам колку пати посегнавме по уставни измени, резултат нема, очигледно не е тоа решението. Уставот се менува, но политиката на соседите кон нас останува иста. Ајде и ние малку да бидеме по моделот на бугарските или грчките политичари, не мора да го менуваме Уставот, ама да седнеме и да изградиме платформа на преговори. И да не одиме никаде надвор и со никого да не разговараме пред да повикуваме на тоа. Што мислиме заедно дека е можно, а што мислиме дека е неможно. И како да тргнаа работите, одеднаш ја видов посетата на лидерот на СДСМ на Брисел и тој рече дека е спремен да го жртвува својот мандат само да сме исчекореле. Ако имате еден чекор – уставна измени и потоа пречка, ништо не сте сториле, само сте го смениле Уставот – тоа не е црвена линија. Јас не сум за линии, јас сум за договор дома, нагласи Сиљановска Давкова во интервју за Сител.

Според неа, национализмот се случил онаму каде што не смеело да се случи – во Европскиот парламент.

Национализмот се случи таму каде што не смееше – во Европскиот парламент. Тоа не беше слобода на говор, тоа беше говор на омраза. Не беа застапници на тој говор само десните партии, туку сите застанаа зад тоа дека се обединиле и го урнале нашиот предлог. Значи ние не треба националистички да настапуваме, ниту можеме да настапуваме, меѓутоа може надвор со консензус да одиме, тогаш ќе не почитуваат. Не се работи за партиски прашања, се работи за национални прашања – нешто за што навистина треба да има консензус, потенцира претседателката.

Во однос на тоа дали може покрај сето ова да напредуваме напред кон Брисел, таа посочи дека не може преку ноќ се да се смени, потребен е консензус од ЕУ, но тоа, вели, е исто така на линија на филозофијата на ЕУ, оти филозофијата на ЕУ нас не привлекува и сите други а таа е единство во различности или почитување на националниот и културниот идентитет во тој политички систем како систем на држави и нации и почитување на дигнитетот и интегритетот.

И ние дома не треба да бегаме од причните врзани за Копенхагенските критериуми, тие биле за сите, треба да важат и за нас. Меѓутоа, не можете да постигнете исчекор во исполнување на ирационални барања бидејќи ирационалното нема основа – тоа раѓа ново ирационално барање, оцени Сиљановска Давкова.

Во однос на идејата за уставни измени со одложено дејство, таа рече дека не се во прашање ограничените или нарушените права на граѓаните кои се декларираат како Бугари во Македонија.

Не е тоа во прашање, бидејќи нивните права споменати или не споменати во преамбулата, тие се заштитени бидејќи ние во Уставот имаме одредби за заштита на правата на малцинствата. Мојот проблем е како може да барате од другиот да го стори тоа што вам ни нормативно ни фактички не ви паѓа на ум. Во бугарскиот Устав нема одредби за заштита на малцинствата ама има одредби за заштита на Бугарите било каде надвор. Само ние се самоограничуваме во Уставот. Впрочем и Венецијанската комисија и препорачува на Бугарија во 2008 да го смени Уставот низ призма на оценка на заштитата на малцинските права. Ако некој ве негира, вели дека не постои македонска нација, вели дека дури и не постои македонски јазик, а вие велите дека тоа ви е гарантирано, тогаш нешто не е во ред кога се бара сега вие да го смените Уставот и под други да ги ставите Бугарите а тие да продолжат да ве негираат, да продолжат да негираат дека треба да влезете во Советот за малцинства дури и да продолжат да ви го негираат правото на здуржување и покрај пресудите на судот во Стразбур. Тоа не е наш проблем тоа е проблем на Советот на Европа, рече Сиљановска Давкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Ливерпул поразен во Истанбул
Следна Статија (Видео) Силен земјотрес ги погоди Филипините: најмалку 60 мртви

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова од Идризово: Секој заслужува втора шанса, подготвуваме нов закон за помилување

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го посети женското одделение во КПУ Идризово, каде оствари средба со затвореничките кои работат во шивачката…

December 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Собранието го донесе Законот за ратификација на Договорот со Обединетото Кралство

Собранието попладнево во рамки на 52. седница го донесе Закот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија…

May 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пуштен системот за заедничка гранична контрола на ГП Долно Блаце-Елез Хан, со едно застанување

Профункционира заедничката гранична контрола (One Stop Shop) на граничниот премин Долно Блаце – Елез Хан, каде е изградена нова физичка…

April 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Посипани повеќе од 100 камиони песок и 1.000 тони вода за локализирање на пожарот во Трубарево

По голема активност во текот на денот и целата ноќ, можам да кажам дека успеавме во најголем дел да го…

September 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?