Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Никушор Дан, новиот претседател на Романија – математичар во борба против корупцијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Никушор Дан, новиот претседател на Романија – математичар во борба против корупцијата
СВЕТ

Никушор Дан, новиот претседател на Романија – математичар во борба против корупцијата

Објавено May 19, 2025 10:07
Сподели
Сподели

Новиот претседател на Романија, проевропскиот центрист Никушор Дан, математичар школуван на Сорбона, има искуство како активист против неконтролираниот развој на недвижности и корупцијата пред да влезе во политиката. Светските агенции го опишуваат како смирен и методичен, и често е виден како ја носи ќерката на училиште.

Неговиот прв предизвик ќе биде именување на премиер и брзо формирање на ново владејачко мнозинство, со цел да се реши најголемиот буџетски дефицит во ЕУ и да се обиде да се избегне намалување на рејтингот од последната скала на инвестицискиот ранг.

Дан (55), кој вети дека ќе се пресмета со корупцијата, цврсто го поддржува членството на Романија во Европската Унија и НАТО. Во предизборната кампања рече дека поддршката на неговата земја за Украина е од витално значење за сопствената безбедност.

Како независен градоначалник на Букурешт во два мандата, Дан има искуство во преговарање за мнозинство, а доказ за тоа колку е мотивиран е фактот што двапати се кандидирал за највисоката функција во главниот град на Романија пред да биде избран од третиот обид.

Политичката кариера ја започнал како граѓански активист во борбата против букурешката мафија за недвижности. Во 2006 година, реагирајќи на уривањето на куќи од архитектонското наследство и изградбата на високи згради во заштитените населби на Букурешт, како и на намалувањето на бројот на зелени површини, го основа „Здружението за спас на Букурешт“.

Дан во 2020 година стана првиот независен градоначалник на Букурешт, со поддршка на опозициските партии, а повторно беше избран во 2024 година. За време на мандатот се фокусираше на борба против корупцијата, унапредување на јавната инфраструктура и транспарентност во работата на локалните власти.

Неговата најава од 16 декември минатата година дека ќе се кандидира на претседателските избори беше изненадување, со оглед на тоа што претходно изрази намера да отслужи барем уште еден мандат како градоначалник на Букурешт, наведувајќи дека ќе му бидат потребни најмалку два-три мандати „за да среди сè“ во романскиот главен град.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Осудениците ќе добијат електронски алки, Пандов откри како истите ќе функционираат
Следна Статија Обвинение за загрозување на сигурноста на судија во Гостивар: обвинетиот влегол во дворот на куќата на судијата и му се заканувал

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Пелоси го обвини Бајден дека доцна излегол од трката и ги уништил шансите на демократите

Демократите ја почнаа играта на меѓусебни обвинувања за тешкиот пораз во овој изборен циклус. Бавноста на Џо Бајден во излегувањето…

November 9, 2024
СВЕТ

Најмалку 400.000 луѓе присуствуваа на погребната церемонија на папата Франциск

Најмалку 400.000 луѓе присуствуваа на погребот на папата Франциск денеска, собрани на плоштадот „Свети Петар“ и по улиците на Рим,…

April 26, 2025
СВЕТ

Орбан: Финансирањето на Украина не е работа на Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека, според јавните проценки, на Украина ѝ се потребни 400 милијарди американски долари за…

November 3, 2025
СВЕТ

Америка сака да го купи Гренланд: Колку би чинело тоа?

Купувањето на Гренланд од Данска би можело да ги чини САД повеќе од 2,2 милијарди долари, со дополнителни годишни исплати…

April 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?