Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ниту еден македонски граѓанин во Иран досега не побарал помош од МНР
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ниту еден македонски граѓанин во Иран досега не побарал помош од МНР
МАКЕДОНИЈА

Ниту еден македонски граѓанин во Иран досега не побарал помош од МНР

Објавено January 15, 2026 18:01
Сподели
Сподели

Ниту еден македонски граѓанин на територија на Иран досега не побарал помош од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНР НТ), а шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски уверува дека сите ресурси се подготвени доколку има потреба од евакуација и покрај тоа што немаме резидентно дипломатско конзуларно претставништво во таа држава.

– Во моментов од нас не е побарана помош од ниту еден македопнски граѓанин на територија на Иран – изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Тој потсети дека МНР НТ пред неколку дена објави повик во кој ги информираше граѓаните дека не треба да патуваат во Иран поради влошената безбедносна состојба.

– Таму има навистина тенденција на влошување на безбедносната состојба и објавивме повеќе контакт телефони од МНР и од нашата Амбасада во Анкара, Република Турција кои можат да помогнат да се мобилизира државата доколку постои потреба од евакуација на наши граѓани. Со Иран билатералната соработка не е на највисоко ниво, тоа го знаете, немаме резидентно дипломатско конзуларно претставништво во таа држава, но сите наши ресурси се подготвени да ги ставиме на располагање доколку има потреба од евакуација на наши граѓани – рече Муцунски, на новинарско прашање при посетата на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ.

Поради влошената безбедносна состојба во Исламската Република Иран, МНР НТ завчера упати апел до македонските граѓани, кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, да ја напуштат земјата при првите можни и безбедни услови. Истовремено, апелираше и да се одложат сите патувања во Иран, кои не се неопходни.

Како што информираа од Министеството, веќе се ставени на располагање негови капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија преку 24-часовниот СОС-дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk , како и преку дежурниот телефонски број на дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен кумановец кој имал 28 универзални клучеви за отворање брави
Следна Статија Над 10 уапсени во големата акција на ОЈО ГОКК, меѓу приведените и вработени во УЈП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

АРМ со почесна артилериска стрелба по повод Денот на независноста

Во пресрет на 8 Септември – Денот на независноста денеска во касарната „Илинден“ во Скопје ќе се изврши почесна артилериска…

September 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Идентификувани 20-тина лица поврзани со пожарите

Видовте утрово, се појави снимка како се случува подметнување пожар во Пинтија, бев континуирано на линија со градоначалникот на Општина…

September 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски организираше ифтар (ФОТО)

Премиерот Мицкоски вечерва организираше ифтарска вечера, момент на заедништво, почит и духовна поврзаност. Во духот на овие вредности, вечерта ја…

March 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Тројцата екс градоначалници на Кочани спроведени од полициска станица во суд

Тројцата поранешни градоначалници на Кочани, меѓу кои и градоначалникот во оставка Љупчо Папазов, како и неговите претходници Николчо Илијев и…

March 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?